26 Април, 2024
0.0276

Игор Рудан: „Можни се две сценарија поврзани за коронавирусот“

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Проф. др. Игор Рудан е познат хрватски научник и член на Кралското друштво (The Royal Society) на Британската академија на науки. На својот Фејсбук профил објави две можни сценарија за борба против коронавирусот.

-Многумина се чудат како можам да бидам толку лежерен кога пишувам и зборувам за оваа пандемија. Но тоа е како на некој, кој професионално деминира мински полиња, да му се чудите како лежерно се протнува низ нив. Тој знае понешто за деминирањето, додека вие, обидувајќи се сами да се протнете низ минско поле, мислите дека секоја секунда ви е последна. Слично се случува и овде сега.

Епидемологот не се плаши од епидемија, бидејќи знае дека секоја епидемија може многу ефикасно да се сузбие, прашање е само драстичноста на мерките. Тоа и го кажав во своите први изјави за медиумите - ако ситуацијата се влоши, имаме барем уште неколку заштитни мрежи кои можеме да ги активираме. Денес ќе објаснам што мислев од тоа, бидејќи дојде вистинскиот момент.

„Хрватска би можела да биде „светски шампион“ во борбата со КОВИД-19“

Значи, кога би сакала, Хрватска би можела да стане „светски шампион“ во борбата со КОВИД-19. За помалку од два месеци може да ја прогласиме Хрватска за зона без коронавирус. Вкупниот број случаи веројатно нема да надмине 1.000, а бројот на починати би бил многу мал. И затоа се разбуди целата дебата за сериозноста на симптомите за КОВИД-19 и грипот, затоа што тоа не е она што првенствено ги загрижува епидемиолозите. На епидемологот му е важно да ја спречи епидемијата. Секоја епидемија ќе биде на безбеден пат на истребување кога секое заразено лице инфицира во просек помалку од една здрава личност. Исто така, ќе биде на безбеден пат на експоненцијално ширење кога секое заразено лице ќе зарази просечно повеќе од една здрава личност.

Без анти-епидемиски мерки, овој нов коронавирус се шири од секое заразено лице на најмалку 2.2 нови здрави субјекти, претежно во фаза на инкубација, додека заразеното лице сè уште не покажува симптоми. Сè што треба да се направи е тој број да се намали на под 1,0 и епидемијата полека ќе се гаси, што може да се постигне со строг карантин.

Прочитајте го тоа уште еднаш, затоа што тоа е клучот за епидемиолозите. Инаку, може да се каже дека беснилото е „многу поопасно од грипот“ затоа што 100% од заразените со него умираат, и тоа на многу полош начин. Но, за епидемологот тоа не е важно, затоа што последниот случај на беснило во Хрватска веројатно е забележан таму некаде во 1964 година. И за сите ловци кои се каснати од бесна свиња, лисица или куче, лесно може да се изврши имунопрофилакса, така што епидемологот знае што да прави. Така е сега полека и со коронавирусот. Сега знаеме дека можеме да го потиснеме со строг карантин.

За епидемологот, поопасна е болеста од која ќе умрат повеќе луѓе оваа година, без оглед какви симптоми имале пред смртта, тоа не ги загрижува толку. И, ако навистина сакаме, можеме да го потиснеме и контролираме коронавирусот со строги карантини, како што тоа го правеле Кинезите за една шестина од светската популација, со помалку од 3.200 смртни случаи во моментов на милијарда и четиристотини милиони луѓе.


Вака гласат мерките за спречување на ширење на вирусот

Значи, кога Хрватска денес би донела одлука дека сака да биде „светски првак“ во борба против коронавирусот, би требало да ги примени следните мерки за спречување на ширење на вирусот - ќе ги наречеме „екстремно леви и плански“ мерки. Би требало:

-целосно да ги затвори и контролира сите свои граници, спречувајќи влез и излез за секој

-сите хрватски државјани кои сакаат да се вратат во Хрватска да ги прими, но да бидат ставени во карантин најмалку 30 дена пред да бидат пуштени во своите домови (ова е најдолго регистрирана инкубација);

-на сите да им нареди престој во домовите и становите следните два месеци (за тоа време сите заразени ќе заболат, па ќе ги заразат и другите домашни, додека вирусот не би имал на кој друг да скокне, па ќе исчезне),

-би работеле само самопослугите и апсолутен минимум на јавните служби (топлани, електрани, телекомуникации, ТВ и радио)

-ќе му се дозволи само на најмладиот член на домаќинството да оди до продавница еднаш во секои три дена (најмлад, бидејќи децата имаат најмал ризик од умирање), носејќи маска и ракавици и само ако нема никакви симптоми

-на сите возрасни луѓе ќе им организира соседи кои за нив ќе одат во набавка, а намирниците потоа ќе им ги доставуваат носејќи маска и ракавици,

-скоро сите заболени би се лекувале со мобилни лекарски тимови кои би доаѓале во домовите, со преносни респиратори, би се настојувало по секоја цена да се избегне доведување на заразени во болниците за да не би предизвикувале болнички епидемии, кои би имале многу поголема стапка на умирање од епидемијата во заедница.

-на банките, мобилните оператори , и останатите би требало да им се наложи да НЕ наплаќаат рати за кредити во текот на тие два месеци, туку се тоа да го наплатат како додаток на редовни рати во текот на следните 12 месеци.

Ете со вакви радикални мерки и потполно непропустливи граници, Хрватска би се ослободила од коронавирусот веројатно во рок од два месеци, со оглед на сегашната состојба, со вистински минимален број на смртни случаи. Апсолутно е клучно да се спречи внесување на коронавирусот во неинфективни одделенија. Ова беше главната причина за ужасните бројки од појавата на епидемиите во Вухан и Ломбардија.

Сепак, како и секоја интересна приказна, и оваа има неочекуван пресврт. Последиците од ваквите драстични мерки за националната економија ќе бидат катастрофални. Два изгубени месеци на работа, за да пред сите други се спасиме од вирусот, некаде кон средината на мај. Токму на време за туристичката сезона. Но, проблемот е во тоа што другите не би успеале до тогаш. Затоа сè уште не треба да примаме никого во Хрватска. И така, агонијата за економијата ќе продолжи цело лето.

А заради катастрофата за економијата, ќе се зголеми бројот на невработени и неликвидни, луѓето ќе му се предадат на алкохолот, ќе бидат депресивни, ќе страдаат од несоница, браковите ќе се распаднат, ќе растат стапките на карцином и кардиоваскуларна смртност. И на крај, оние кои се спасени од коронавирусот ќе страдаат од болести што ќе резултираат од нов бран сиромаштија и рецесија. Само, овие болести и смртни случаи нема да се случат пред камерите и никој нема да ги обвини надлежните за нив. А тоа ќе го има за буквално секоја смрт од коронавирусот .

Ако го следевте сето ова до сега, ќе разберете дека во ова сценарио и двата исходи се, всушност, лоши. Но, со спречување на епидемијата, властите ќе испаднат покомпетентни, и никој подоцна нема да ги обвини за можеби повеќе смртни случаи и проблеми што подоцна ќе се појават како резултат на рецесија.

Второто сценарио - „екстремно неолиберално“ 

Вториот екстремен пристап може да се нарече „екстремно неолиберално“. Во моментов, Доналд Трамп можеби интензивно размислува за тоа, но веројатно е дека и барем некои други земји го имаат на ум . Поточно, може да се дозволи слободно да се шири вирусот. Притоа, малкумина би биле тестирани за вирусот, за да се минимизира бројот на смртни случаи што му се припишуваат на коронавирусот, особено кај многу стари луѓе. Би се согласиле, можеби, до стапка на смртност до 1% кај сите заразени, но тоа би ја спасило економијата и ќе го избегне тој „последователен бран“ на смртни случаи. Бидејќи во ова екстремно сценарио, тие би умреле претежно постари. Ова, од некоја радикално неолиберална гледна точка, дури и ќе ги „засили“ пензиските фондови и здравствениот систем. Многу луѓе во најпродуктивна возраст за општеството, кои инаку би биле мнозинство жртви на рецесијата, би биле спасени.

Проблемот со овој пристап е, сепак, што би требало многу точно да се процени колку луѓе ќе починат, т.е. да се коцкате со сигурноста која научниците ја имаат во стапката на умирање од вирус во општеството. Јас проценив дека таа е од 0,5 до 1%, но тоа го става на маргините на границата околу која може да се размислува за таков пристап, а бројот на починати од епидемија приближно одговара на предвидениот број последователно починати поради рецесија.

Можно е Трамп во моментов да чека извештаи од американско тло за овие стапки на смртност и сака да има што поголема безбедност во нив. Ова е за него како шаховска игра со Кина. Но, наиде на непредвидена пречка, а тоа е дека со овој вид вирус во Италија се чини дека нешто не е во ред. Можеби тоа е причината зошто Трамп нареди прекин на влезот на Европејците во САД, освен за Британците. Можеби има план што го прави да изгледа попаметен од кој било, но тој знае дека треба да се увери дека „нивниот“ вирус во САД убива помалку од 1% од заразените, со потенцијал да се коцка за можноста вирусот да исчезне кон крајот на пролетта. Но, тоа му пречи, како и на сите нас, дека никој не е сигурен во стапката на смртност за овој вирус. Сепак, работите се малку посложени отколку што мислат повеќето експерти за човечки ресурси на Фејсбук.

Сепак, најголемиот проблем на Трамп е реакцијата на медиумите и јавноста. И најлош можен избор е да се двоумете помеѓу овие две крајности, така да одлучите да „не направите ништо“ и да дозволите вирусот да се рашири силно, но кога луѓето ќе почнат да умираат, под притисок од јавноста и медиумите, за воведување на карантин ќе биде предоцна. Затоа што, тогаш, тоа би било катастрофа и за економијата и за јавното здравство. Многу луѓе би умреле, а карантините би траеле многу подолго по таквата одлука, сè додека вирусот не исчезне.

„Веќе проценив за Хрватска дека „екстремниот лев и планиран“ пристап веднаш и сега ќе може да ја одврати епидемијата кај нас, можеби само до илјада случаи и мал број смртни случаи, доколку се одеше совршено според планот - ова е идеално, „најдобро сценарио на случај“ за Хрватска. Но, со текот на времето, неколку илјади луѓе подоцна ќе умрат индиректно како резултат на економската рецесија. Тие веројатно би биле средовечни и постари и би можеле да бидат спасени од коронавирус можеби ист број просечни стари лица. Економијата ќе се уназади, но медиумите позитивно ќе ги оценуваат потезите на владејачката партија“, пишува Рудан.

Од друга страна, „екстремниот неолиберален“ пристап за бесплатно ширење на вирусот се шири со силна осуда од страна на медиумите и јавноста во Хрватска. Илјадници луѓе би умреле од епидемијата, но животот би продолжил. Наместо околу 60.000 смртни случаи во 2020 година, Хрватска би имала околу 70.000 смртни случаи. Но, само под услов точно да ја проценивме стапката на смртност на вирусот и ништо да не трге непредвидено.

Одлуката на нашите господари, но и оние во другите земји, ќе биде некаде помеѓу овие два екстремни пристапи - ригорозен карантин и целосно непостапување. Мислам дека оваа втора екстремност станува сè поневеројатен избор, токму поради толку силен медиумски фокус на пандемијата. Затоа многу европски земји сега гледаат едни во други и чекаат што и кој ќе го направи тоа, затоа што тоа не е лесна одлука. Се надевам дека сега разбравте кои се тековните проблеми што се важни за луѓето кои мораат да донесат одлуки во текот на следните два или три дена што ќе ги одреди животите на сите нас во текот на следните месеци. Две сценарија, 30 часа. Како во филм“, го завршува Рудан Фејсбук статусот.


Преведено од miss7zdrava.24sata.hr/


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице