Игра на нерви
Објавено во: Анализа
23 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Со преку еден трилион евра економијата на Шпанија е една од најголемите во Европската Унија. Воедно само четири економии од Европа имаат БДП над еден трилион. Освен Шпанија такви економии се само Германија, Франција, Велика Британија и Италија. Знаејќи го овој податок не за чудење што светот е на штрек за се што се случува на Иберискиот полуостров.
Не е за чудење што проблемите кои ги има Грција изгледаат како ситни во споредба со потенцијалниот шпански кошмар. Впрочем, од денешна перспектива случувањата во изминатиот период може да бидат сфатени како купување време со цел да се најде излез за Шпанија и Италија кои комбинирано имаат економии кои тежат повеќе од 2,5 трилиони долари.
Сега засега Италија е надвор од радарот за пропаст. Технократската влада на Марио Монти успева барем до некаде да ги реализира програмите за штедење наметнати од европските центри. Каматите за рефинисирање на државниот долг се на релативно пристојно ниво и народот се чини дека има разбирање за она што се превзема. Имајќи во предвид дека Монти не е избран на избори и дека е поставен едноставно да ја заврши работата, притисокот кој го чувствува е значително помал од оној на неговиот колега Мариано Рахој.
Одлуката на ЕЦБ да влезе на пазарот на обврзници на периферните држави го намали притисокот за рефинансирање на Шпанија. Таквата одлука предизвика интересен контра ефект и шпанскиот државен врв почна да дава изјави дека на Шпанија не и треба помош и дека ќе може сама да излезе од кризата.
Високо задолжените банки, кризата на недвижностите, огромната стапка на невработеност и рецесијата која ја доживува шпанската економија преставуваат молотов коктел кој може во секој момент на експлодира. А впрочем овој период се чини дека се случува токму тоа. Протести на улиците и силниот пад на подршката на новоизбрана влада се првиот резултат од кризата во земјата. Бројките се поразителни: 37% пад на продажбата на нови возила(на нивото од 1990 година), производството на цемент е дојдено до нивото на 1960 година и се поголем број на млади луѓе кои безделничат на улиците на Мадрид. Велат дека кризата ги погодува и богатите, па така може да се најдат се повеќе бродови во марината во Барселона со знакот “се продава”.
Очигледно ваквата статус кво ситуација станува неодржлива. Како сол на рана дојде информација на S&P за намалувањето на кредитниот рејтинг на Шпанија. Кога сме веќе кај тоа да кажеме дека Шпанија не е ни оддалеку задолжена како Грција на пример. Нејзиниот долг е ист како оној на Франција (90% од БДП). Но зајакот лежи во рапидното зголемување на долгот. Од 2011 јавниот долг на Шпанија е зголемен за неверојатни 33% проценти и темпото на зголемување никако не запира.
И ако се ова не е доволно да потенцираме дека Шпанија одвојува фантастични 100 милијарди евра за пензии од буџетот кој тежи 350 милијарди евра. Кратења очигледно се неминовни, но владата оди по тенок мраз и реши пензиите да ги зголеми за еден процент.
Германија се плаши дека таа ќе треба да го плати целиот цех и засега не притиска премногу. Се чини дека бара најповолно решение. Меѓутоа ситуацијата е исклучително комлицирана и тешка за решавање.
На вчерашните локални избори во регионот Галиција, Шпанците неочекувано му дадоа силно изразена подршка на премиерот Рахој, од друга страна во сепаратистичката Баскија подржувачите на незавиноста добија 27 од 75 места во парлементот.
Играта на нерви продолжува.
Р.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.