07 Октомври, 2024
0.0276

Играчите на берза одат на сигурно: за пет дена вложија над 1,5 милиони евра во една обрвзница

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Најтргувана хартија беше обврзницата за денационализација на 14 емисија со просечен дневен промет поголем од 300.000 евра; Обврзницата за денационализација од 14 емисија беше хит на Официјалниот пазар во изминатава трговска седмица. Со промет од 97,5 милиони денари (над 1,5 милиони евра) таа хартија од вредност беше далеку најбарана во споредба со сите други хартии од вредност што се нудеа на домашниот пазар на капитал. Само за споредба сите други акции и обврзници остварија заеднички промет од 27,4 милиони денари што е само 22 отсто од целиот промет на пазарот. Обврзницата од 14 емисија оствари реализација од 78 отсто од се што се тргуваше на Официјалниот пазар на сите негови сегменти. Маргината во која се тргуваше оваа обврзница беше широка за овој тип на хартија од вредност затоа што изнесуваше од 90 до 93 отсто од номиналната вредност. Почетната вредност на тргувањето изнесува 90 отсто по што таа стимулирана од побарувачката достигнува вредност од 93 отсто односно расте за 3 отсто во период од 3 календарски дена. Последната цена на која затвори таа хартија од вредност изнесуваше 92,4 отсто. Во одреден период обврзницата издадена во 2014 година на пазарот се тргуваше по иста цена со обврзинцата издадена една година порано. Ова беше еден куриозитет заради тоа што обврзницата од 2013 година достасува една година порано и по таа логика и треба да има повисока пазарна цена од обврзницата издадена во 2014 година. Но очигледно дека силната побарувачка го направи своето и ја крена високо цената на обврзницата од 2014 година. Кои се причините за оваа експлозија на цената на најновата обврзница? Прво, тоа што инвеститорите одат на сигурно и алоцираат во хартија од вредност која не носи ризик и доспева затоа што е гарантирана од државата. Второ заради тоа што понудата на нашиот пазар на капитал веќе подолго време е скромна до таа мерка што добива третман на земјотрес тргување од 1,5 милиони евра во рок од пет трговски дена. Трето, веројатно дека некои клиенти односно купувачи на обврзницата ја бизицирале и со неа отплаќаат некои давачки кон државата. Големата побарувачка за обврзници минимално влијаеше врз пазарот со акции. „Алкалоид“ го превзеде приматот од „Комерцијална банка“ според остварениот промет. И двете најтргувани акции на нашиот пазар забележаа минимален, но значаен раст на ценовните нивоа. Акцијата на „Алкалоид“ оствари промет од 9,43 милиони денари, а цената порасна за 92 денари (разлика од најниска до највисока), а последната цена беше 4.939 денари и беше само еден денар пониска од највисоката седмична цена. Некоја поконкретна појава не беше индикатор за растот на цената на таа акција, веројатно тоа беа одлуки на трејдери кои очекуваат „Алкалоид“ наскоро да се врати на маргината од 5.000 денари за акција. „Комерцијална банка“ оваа седмица оствари промет од 4,9 милиони денари и тоа со раст на цената од 64 денари за акција што за „Комерцијална банка“ е солиден ценовен раст. Таа акција затвори на цена од 1.900 денари за акција, а нависоката цена беше постигната во петок и изнесуваше 1.915 денари за акција. Најниската цена која воедно беше и почетна цена беше 1.851 денар за акција. Веројатно е дека купувачите на акцијата на „Комерцијална банка“ ги охрабри блок трансакцијата со таа акција во која поминаа 2.500 акции по цена од 1.890 денари за акција. Трета акција со промет над еден милион денари беше „Витаминка“ со реализација од 4,1 милиони денари. Прометот беше остварен во само еден ден, а цената беше во маргина од 10 денари од 8.700 до 8.800 денари за акција. Иако не може засега да се потврди, веројатно е дека купувачи на акциите се блиски до актуелниот естаблишмент или се акции во сопствен откуп на таа компанија. Од другите акции на подсегментот „берзанска котација“ единствено „Гранит“ бил блиску до маргината од 1 милион денари и тоа со остварен промет од 0,99 милиони денари. Таа акција бележи  корекција на цената од 23 денари од 490 денари највисока цена до 467 денари последна цена. На подсегментот „задолжителна котација“ – затишје. Единствената акција со проемт над еден милион денари беше „Раде Кончар“. Во ценовната маргина од еден денар за акција беа истргувани 800 акции во два дена за промет од 1,08 милиони денари. Овие резултати, со оглед на ниската ликвидност на таа акција, укажуваат на тоа дека еден е купувач заради тоа што ценовната маргина е само еден денар, а тргувањето е реализирано во два трговски дена. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип