Играј одговорно – играта е забава, не ризик!
Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2025 11:23
Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано ги едуцира играчите за опасностите што може да ги предизвика прекумерното играње игри на среќа. Нашата цел е зголемување на јавната свест за ризиците и промовирање на одговорно однесување при играње.
Со постојани активности за информирање и поддршка, компанијата нагласува дека играта треба да остане само забава. Посветени сме на воспоставување високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, со јасна цел – намалување на ризикот кај сите играчи, особено кај ранливите групи.
Под слоганот „ИГРАЈ ОДГОВОРНО “, во 2019 година го формиравме СОС тимот, прв од ваков вид во земјава. Истата година беше активирана и СОС линијата – со телефонска и електронска поддршка преку е-пошта. Зад линијата стои тим од стручни психолози и советници, подготвени да понудат помош и насока. Дополнително, Видеолотарија Касинос Австрија отвори советувалишта во Скопје, Куманово и Прилеп.
Компанијата е носител на европскиот сертификат за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии – признание за долгорочната заложба кон одржливо делување, поддршка на спортски, образовни и културни проекти, како и заштита и едукација на играчите.
Секогаш потсетуваме:
- Играј одговорно.
- Право на учество имаат само лица над 18 години.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





