Добивај вести на Viber
Шведската компанија „Икеа“ во 23 земји ги повлече колачите во кои кинеските власти открија колифомни бактерии.
Компанијата на ваквата одлука се решиле откако кинеските цариници грлија 1,8000 чоколадни колачи „чокладкрокант“ со бадем и крем од карамела, запленети во пристаништето во Шангај во ноември.
Ваквите бактерии не се опасни, но се показател дека станува збор за фекално загадување, објаснија шведските експерти за безбедност на храната.
Портпаролот на „Икеа“ Илва Магнусон нагласи дека нивото на концентрација на бактеријата не претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето. „Икеа“ неодамна ги повлече ќофтињата произведени во Шведска, а кои се продаваат во нејзините ресторани во трговските центри во Европа, откако беше откриено дека содржат коњско месо.