Добивај вести на Viber
Од 2000-та година навака, десетици милијарди долари се ограбени и изнесени од Србија по пат на разни илегални трансакции, пишува „Новости“.
Моќните домашни инсајдери во Србија, преку офшор компании купувале за „бадијала“ домашни фирми од кои влечеле средства и ги префрлале во странство. Се проценува дека на овој начин од државата се изнесени околу 51 милијарда долари.
Најчесто се покренува бизнис во офшор зоните на Карибите, Девствени острови, Сингапур и Куковите острови на Пацификот.