(ГАЛЕРИЈА) Илиевски: И денешниот гостин е испратен како што треба да биде испратен
Објавено во: Македонија, Галерија 18 Април, 2017 21:26
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва го одржа својот 51-ви мирен протестен марш во Скопје.
Учесниците се движеа од Владата до Собранието на Република Македонија. На претседателот Ѓорѓе Иванов му се заблагодаруваат што го брани суверенитетот.
51 ден застануваме за да ја искажеме својата благодарност и почит кон човекот кој постојано на најразноразните второ и третокласни бирократи им кажува каде им е местото, порачаа од протестот. И денешниот гостин е испратен како што треба да биде испратен, додаваат од иницијативата.
„Ним не им е местото ниту во Народната канцеларија, ниту во Вилата Водно на средби со претседателот на Република Македонија. Место на средба со претседателот, најмуваат луѓе кои нè нарекуваат славомакедонци, луѓе кои не ја осудуваат тиранската платформа, луѓе кои не го изговараат името на нашата држава“ - вели Богдан Илиевски од граѓанската иницијативата.
Вели дека в петок ќе излезат со прецизен план и многу важни пораки.
Елена Мисиркова, внука на Крсте Петков Мисирков и член на Иницијативата „За заедничка Македонија“, рече дека нивниот протест е за семакедонско обединување. Таа на пратениците им порача дека не треба да заборават оти народот е тој кој ги избрал.
Иницијативата „За заедничка Македонија“ организираше мирен протестен марш и во Куманово, Кочани, Крива Паланка и други градови во внатрешноста на Македонија.







* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





