Илир Хасани: Наскоро на кафе во Приштина без ПЦР-тест
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020
Илир Хасани, новиот заменик-министер за здравство, најавува дека граѓаните од Македонија ќе може да ја минуваат границата со Косово и обратно без задолжитечниот брис како мерка против коронавируост која се уште е актуелна.
Анти-корона мерките се очекува да бидат отстранети од границите со земјите од регионот многу скоро, но во почетокот се чини дека Северна Македонија ќе се отвори со Косово. Ова го објави поранешниот директор на Хируршки клиники од комплексот „Мајка Тереза“, кој на својот Фејсбук профил напиша: „Многу наскоро на кафе во Приштина без тест за ПЦР“.
ТВ21 дозна дека утре Хасани ќе престојува во посета на Косово за да разговара за отстранување на ПЦР-тестовите од граничните премини.