24 Ноември, 2024
0.0260

Илјадници граѓани со години се на биро и чекаат вработување

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Илјадници македонски граѓани со години чекаат вработување. Состојбата заклучно со крајот на април оваа година, покажува дека 6.964 луѓе, 8 и повеќе години се без работа, од кои 2.555 се жени. 15.876 луѓе чекаат вработување од 5 до 7 години, а од нив 5.385 се жени.  Понатаму, 4.405 граѓани чекаат вработување 4 години, при што 1.822 се жени, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Граѓаните кои долго време се без работа и се неактивни, се неконкурентни на пазарот на труд. Донка Спасовска од агенцијата за посредување при вработување „Хоризонт“ вели дека дел од невработените луѓе најверојатно работат на „црно“, но според неа, во земјава потешкотија за вработување имаат луѓето на возраст од 45 до 55 години. За нив има малку слободни работни места, затоа што се бара помлад кадар.

„Иако поседуваат знаење и искуство, луѓето кои се на возраст од 45 до 55 години, се во најкритична група и тешко доаѓаат до вработување, затоа што фирмите обично бараат луѓе до 45 години“, рече Спасовска.

Социологот Татјана Филиповска објаснува дека во нашето општество е присутна „културата на зависност“, така што многу граѓани не сакаат да работат за мали плати, туку или одлучуваат да примаат социјална помош, и да работат паралелно за дневница на „црно“, или пак ги издржува некој друг додека да најдат работа.

„Платите знаеме дека се минимални, и луѓето не сакаат за малку пари да работат во фабрика. Земаат социјална помош, живеат на грбот на државата или на грбот на некој друг. Таа „култура на зависност“ кај нас е посебно изразена“, додава таа.

Луѓе кои со години чекаат вработување има во сите македонски градови.

„Во Демир Хисар нема работа, и многу е тешко за работа и за младите и за постарите.  Така е со години откако паметам. Дел од граѓаните одат на работа во фабриките во Битола. Јас сум со завршено високо образование, а работам во трговија“, коментира жителка на Демир Хисар.

Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека 8 и повеќе години вработување чекаат по 85 луѓе во Берово и Кратово, 367 во Битола, по 13 во Валандово и Виница, 70 во Велес, 47 во Гевгелија, 335 во Гостивар, 182 во Дебар, 97 во Делчево, 169 во Демир Хисар, 63 во Кавадарци, 294 во Кичево, 599 во Скопје, 482 во Куманово. Тетово 1.540 граѓани кои над 8 години чекаат вработување, а Штип 81, додека во Струмица има 133.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА