Илон Маск вети ново чудо и ќе спаси една земја
Објавено во: Свет 07 Јули, 2017
Илон Маск стои зад своето ветување дека ќе ја реши енергетската криза во Австралија.
Неговата компанија Тесла моторс се здружила со француската компанија за зелена енергија Неоан и австралиската влада како би направила најголема литиум-јонска батерија.
„Ако Јужна Австралија е подготвена да преземе голем ризик, тогаш и ние сме“, рекол Маск.
Додал дека неговиот систем ќе биде три пати посилен од било кој друг систем на батeрии на земјата, а целиот систем би требало да се испорача во рок од 10 дена од потпишувањето на договорот, а можеби ќе биде и бесплатен.
Австралија се обидува да ја стабилизира својата оштетена електична мрежа и се бори со растечките цени на струја, бидејќи од минатогодишните силни бури трпи голем недостиг.