Им наплаќале и ги вакцинирале со вода
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Јули, 2021 21:01
Повеќе од 800 луѓе во Уганда се вакцинирани со вода. Скандалот е откриен кон крајот на јуни.
Групата оперирала во главниот град Кампала, а ја сочинувале две медицински сестри и едно лице кое се претставувало како лекар. Двете сестри се наоѓаат во притвор, а „докторот“ успеал да избега и полицијата сѐ уште трага по него. Групата функционирала на тој начин што лажниот лекар наоѓал компании убедувајќи ги да ги вакцинираат вработените по специјална цена за нив - од 28 до 56 долари по доза. Вакцините кои неговата група велела дека ги има на располагање биле оние на AstraZeneca произведени во Индија. Властите на Уганда стапиле во контакт со индиските колеги за проверка на веродостојноста на нивните открија, па се востановило дека во Индија не само што никогаш не испратиле таква пратка вакцини во Уганда, туку воопшто не произвеле. Тогаш станало јасно дека вакцините се лажни.
Од почетокот на пандемијата во Уганда се регистрирани 90 илјади случаи на COVID-19, а околу 2.400 луѓе ги загубија животите поради болеста. Сепак, со оглед на малиот број тестирања се претпоставува дека бројката на заразени и починати е далеку поголема.
Вакцинацијата во Уганда се одвива со многу бавно темпо поради недостаток на вакцини кои требаше да стигнат преку КОВАКС системот на ОН наменет за сиромашните земји.
Скандали имаше во повеќе земји во светот. Измамници вакцинираа луѓе со вода или со физиолошки раствор. Вакви случаи имаше во Италија, Полска, Мексико.
foto unsplash
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





