ИМ ТРЕБААТ 16.000 СЕЗОНЦИ: Невработените Финци ја „спасуваат“ реколтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 13 Јули, 2020
Невработените Финци берат јагоди, затоа то нема сезонски работници поради пандемијата на коронавирусот.
На Финска вообичаено ѝ се потребни околу 16.000 сезонски работници годишно, кои најмногу доаѓаат од странство, изјави Кати Куула од земјоделскиот синдикат МТК.
Само што кога на пролет беа воведени ограничувања за патувања поради коронавирусот, гранковите асоцијации и Владата се уплашија од недостиг на работна сила и објавија повеќе програми за собирање работници.
Илјадници Финци се јавија на повикот на земјоделците да ја спасат летната реколта откако странските берачи беа забранети поради ограничувања воведени во борбата против коронавирус.
„После 22 години, повторно имаме фински работници на полињата со јагоди, ситуацијата е многу невообичаена“, рече Веса Коивистоинен, сопственик на најголемата фарма за јагоди во Финска во јужното село Холола.
Досега оваа година само една третина од вообичаениот број работници дошле од странство, сите од Украина.
Финска има над 7.000 заразени, и 329 починати од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.