Има и видео и аудио докази: Што си пишувале Боки 13 и обвинителката на телефон
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019 06:51
Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има аудио снимки кои како докази ќе ги употреби во случајот против Бојан Јовановски, познат како Боки 13 и Зоран Милески Кичеец во случајот кој вчера го обелодени а во кој ги сомничи за трговија со влијание врз јавен обвинител и за перење пари. Тие доцна синоќа добија 30 дневен притвор, а обвинителката Вилма Рускоска соопшти дека во истрагата не се обезбедени обележани пари, но дека имаат други докази кои ги иницираат сомнежите.
Таа рече и дека е одземен мобилен телефон на еден јавен обвинител, но дека не е вршен претрес во незјиниот дом. Извршен бил претрес во домот на Боки 13 и во неговата канцеларија од која е одземен комјутерот.
Засега немало потреба обвинителката да биде изведена пред судија.
„Телефонот е одземен за да ја видиме комуникација на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија“, рече Рускоска.
Таа најави дека во овој случај, ако дојде до подигање обвинение, е можна и конфискација на имот.
– На прес-конференција кажав дека се води и финансиска истрага за цел имот што го поседуваат било кој од осомничените. За имотот што нема да може да докажат од каде им е, обвинителството ако подигне обвинителен акт е бара одземање на тој имот. Но за тоа, што би рекле, отом потом – рече Русковска.
За лицето кое е под истрага на СЈО, а кое ја поднело кривичната против Боки 13 и Зоки Кичеец, обвинителката рече дека е сослушан еднаш, а потоа и втор пат за дополнување на пријавата. Но, тој е подносител на пријавата, а како сведоци сослушани се други лица.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




