Има ли време за „Пржинска“ влада?
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2018 08:51
Зошто се против барањата на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизијата Телма објасни и вицпремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која напомена дека за тоа нема време бидејќи ситуацијата е деликатна.
Примената на овој модел пред сите избори беше договорена на 23 јули годинава во Клубот на пратеници, на лидерска средба помеѓу четирите најголеми политички партии. Собранието по два дена ги изгласа овие измени со 99 гласа „за“. Моделот за прв пат беше применет пред последните парламентарни избори, кога технички премиер беше Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ, која тогаш беше во опозиција меѓудругото доби министри во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика.
“Ние имавме апслоутно право и аргументи на секое барање на ВМРО-ДПМНЕ да кажеме не. Но, прашањето не е до каде ти стига партискиот интерес, туку интересот на државата. Нашата одлука да вградиме Пржинска влада беше да не дозволиме ВМРО-ДПМНЕ да го бојкотира ДИК и да не дојде до референдумот. Ние немаме проблем техничка влада да спроведе избори, зошто ние не крадеме. Законот за Влада е закон кој ние ќе го почитуваме. Меѓутоа мораме да го почитуваме и Уставот кој вели дека кога имате предвремени парламентарни избори, не смеат да поминат повеќе од 60 дена од распуштањето на Собранието и изборите. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи се за да оваа година нема избори, зашто знаат дека ќе изгубат. Нивните барање се бегање од избори“, рече Шекеринска.
Измените на Законот за влада, во кои е вграден „Пржинскиот модел“ предвидуваат 100 дена пред денот на одржување на избори за пратеници во Собранието, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија да избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство (во актуелната ситуација некој од СДСМ).
Предвидено е и да се избере нов министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика на предлог на опозицијата со најголем број на пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија (во актуелната ситуација кадри на ВМРОДПМНЕ).
Оваа „пржинска влада“ предвидува и дополнителни заменици министри за надворешни работи и на труд и социјална политика предложени од владејачката гарнитура (во актуелната ситуација кадри на СДСМ или ДУИ). На предлог на опозицијата ќе има дополнителни заменици министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество (во актуелната ситуација кадри на ВМРО).
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




