ИМА НАД 1.600 ЗАРАЗЕНИ: Словенија пред целосен карантин
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Октомври, 2020
Словенија е пред целосен карантин, откако денеска имаат рекорден број на нови заразени.
Потврдени се 1.663 новоинфицирани со коронавирус во последните 24 часа.
Во болниците има 357 лица, од кои 62 се на одделите за интензивна нега, додека со уште седум смртни случаи бројот на починати од Ковид-19 се зголемил на 207 .
Тестирани се 6215 лица, што значи дека процентот на позитивни е 26,7.
Од денес се на сила уште некои мерки. На фризерските и козметичките салони во т.н. црвени региони им е дозволено да примаат само едно лице истовремено, доставата на храна е можна само од 6 до 21 часот, а тренинзите и натпреварите се дозволени само за пријавени спортисти.
Од вчера во Словенија има полициски час.
Рекорд на новозаболени има и во Босна и
Херцеговина, каде што во последните 24 часа се
регистрирани 999 новоинфизирани, а во
изминатото деноноќие починале 20 заболени.
Хрватска има 1.563, а Бугарија има 1.472, а Србија 416.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.