ИМА НАДЕЖ: Хрватите сепак ќе ја спасат туристичката сезона?
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Април, 2020
Резервациите за Хрватска за август и септември не се откажани.
Хрватскиот министер за туризам, Гари Капели денеска изјави дека туристичките резервации претходно закажани за август и септември не се откажани.
За јули вели дека е „исто солиден“ во овој поглед, а за јуни резервации има, но ќе биде малку потешко да се реализираат.
„Ја следиме ситуацијата, разговараме со колегите од пазарот, вчера разговаравме со словенечкиот министер и во мај ќе преговараме за деталите за ублажување на мерките. Наредните седмици треба да се сретнат епидемиолошките служби на двете држави“ – најави Капели.
Убеден е дека кога ќе се отворат границите, а на луѓето не може да им се забрани патувањето во странство, особено во држави каде што поседуваат пловни објекти.
Тој вели дека се бара заеднички протокол за патување на ниво на Европската унија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.