Има работи за кои никаде во светот не се преговара, порача Заев
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2020
Има работи за кои никаде во светот не се преговара, ниту пак кај нас ќе се преговара, изјави премиерот Зоран Заев.
Вели дека тоа бугарската страна не го сфаќа.
„Ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија кои би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11-ти октомври дека постои сериозна можност да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ”, рече Заев.
Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија, тврдат од Брисел по средбата на премиерите на Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија.
Оттаму остануваат на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата, јави дописничката на МИА од Брисел.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.