06 Јули, 2024
0.0268

ИМА ЗАГИНАТИ И ПОВРЕДЕНИ: Нападнат e конвој амбулантни возила пред болницата Ал Шифа во Газа

Објавено во: Свет 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Нападнат e конвој амбулантни возила пред болницата Ал Шифа во Појасот Газа. Нападот е извршен со беспилотно летало, има загинати и повредени, јави Ал Џезира и Тајмс оф Израел.

Во најголемата болница во Појасот Газа се сместени повеќе од 5.000 пациенти и десетици илјади раселени. Претставник на болницата на прес-конференција побара меѓународна заштита за амбулантните возила.

Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф ал Кудра, изјави дека возилата превезувале меѓу 15 и 20 тешко повредени пациенти кои требало да бидат префрлени на преминот Рафах на границата со Египет.

Министерството за здравство на Газа објави и дека Израел го нападнал крајбрежниот пат во Газа, кој требаше да биде безбедна рута за евакуација на цивили на југ. Министерството тврди дека најмалку 14 Палестинци кои бегале јужно од Газа по тој пат загинале.  Израелската војска соопшти дека го проучува извештајот на Министерството за здравство на Газа. На 7 октомври Хамас почна со напади на Израел. 

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска објави дека во изминатите 24 часа загинале 196 луѓе. Од избивањето на војната  се убиени 9.227 Палестинци.

foto Twitter

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир