08 Јули, 2024
0.0302

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Објавено во: Свет 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

„Оваа кампања е кратка, но веќе имаме 51 кандидат, пратеник и активист кои се физички нападнати“, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дармани за француската телевизија BFMTV.

Како што објасни тој, повеќе од 30 лица, меѓу кои и луѓе од екстремно десничарски и левичарски групи, се уапсени во врска со инцидентите.

Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да распише предвремени парламентарни избори по убедливата победа на екстремно десничарскиот Народен фронт (РН) на европските избори на 9 јуни. РН, исто така, славеше во првиот круг од националните избори на 30 јуни и се надева на апсолутно мнозинство во 577-члениот парламент пред вториот круг в недела.

Тензиите се зголемија во земјата по успехот на евроскептичната РН, која се залага за антиимиграциска политика. Пријавени се неколку напади, вклучително и на владината портпаролка Приско Тевено и нејзиниот тим во средата додека поставуваа плакати за кампањата во близина на Париз. Според обвинителите, тие привеле четири лица, меѓу кои три малолетни, пренесува француската новинска агенција АФП.

Министерот за внатрешни работи Дарманин рече дека мерките за безбедност ќе бидат засилени, а 30.000 полицајци ќе бидат распоредени ширум земјата во неделата навечер, вклучително и 5.000 во Париз и неговите предградија, поради можните избивања на насилство по објавувањето на резултатите од вториот круг од изборите. Со ова, според Дарманин, сакаат да обезбедат „радикалната десница и радикалната левица да не ја искористат ситуацијата за да предизвикаат немири“.


Можеби ќе ве интересира

„Лесја Украинка“: Уште еден терористички напад на Русија врз мирните украински градови

„Лесја Украинка“: Уште еден терористички напад на Русија врз мирните украински градови

ПРОПАДНАА НАДЕЖИТЕ НА РУСИЈА: Москва го коментираше исходот од изборите во Франција

ПРОПАДНАА НАДЕЖИТЕ НА РУСИЈА: Москва го коментираше исходот од изборите во Франција

УРАГАНОТ БЕРИЛ ГО „РАЗОРУВА“ ТЕКСАС: Повеќе од 80.000 луѓе останаа без струја

УРАГАНОТ БЕРИЛ ГО „РАЗОРУВА“ ТЕКСАС: Повеќе од 80.000 луѓе останаа без струја

ДАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ПИВО ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Падот на продажбата го решава со купување на британскиот производител на безалкохолни пијалоци

ДАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ПИВО ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Падот на продажбата го решава со купување на британскиот производител на безалкохолни пијалоци

ШТО ЌЕ СЕ „ИЗРОДИ“ ПО ХАОТИЧНИТЕ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА? Марин Ле Пен беше поразена, но не е излезена од игра

ШТО ЌЕ СЕ „ИЗРОДИ“ ПО ХАОТИЧНИТЕ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА? Марин Ле Пен беше поразена, но не е излезена од игра

ГИ РАЗЛУТИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СО ПОСЕТАТА НА МОСКВА, НО НЕ ЗАСТАНА ТУКА: Орбан отпатува и во Кина, „Мировна мисија 3.0“

ГИ РАЗЛУТИ ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ СО ПОСЕТАТА НА МОСКВА, НО НЕ ЗАСТАНА ТУКА: Орбан отпатува и во Кина, „Мировна мисија 3.0“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦИЈА СТАРТУВА СО ИСКОПУВАЊЕ ЛИТИУМ: ќе се отвори рудник, итно усвоен проект од „национално значење“

ФРАНЦУЗИТЕ ЈА СПРЕЧИЈА ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ, НИКОЈ НЕМА МНОЗИНСТВО: Што е следно?

ФРАНЦУЗИТЕ ЈА СПРЕЧИЈА ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА ДА ДОЈДЕ НА ВЛАСТ, НИКОЈ НЕМА МНОЗИНСТВО: Што е следно?

ПРЕСВРТ ВО ВТОРИОТ КРУГ ВО ФРАНЦИЈА - Левицата победи, невиден шок за Ле Пен и десницата, тотален дебакл во вториот круг

ПРЕСВРТ ВО ВТОРИОТ КРУГ ВО ФРАНЦИЈА - Левицата победи, невиден шок за Ле Пен и десницата, тотален дебакл во вториот круг