Има живот за грчките пензионери во Гевгелија
Објавено во: Македонија 28 Мај, 2019 06:38
Дека грчките пензионери убаво живеат во Гевгелија потврдуваат граѓаните на овој град.
Велат дека последните години има граѓани кои од Грција се доселиле и живеат во Гевгелија токму поради ниските трошоци за живот, кои секако им одат во прилог со примањата кои ги имаат.
Од локалната самоуправа велат дека детален увид немаат за тоа колку Грци се доселиле во градот, но според нив повеќето од овие граѓани живеат во живеалишта кои ги земаат под закуп, а купувањето на станови се случува поретко.
„Во градот има стотина Грци кои јас ги познавам, а се дојдени во последните 10 години. Тие одлучиле да живеат овде поради ниските цени. Со нивните примања овде убаво се живее“, вели Павле Николов, повозрасен жител на Гевгелија.
Од агенциите за недвижности објаснуваат дека грчките пензионери со нивните пензии во Гевгелија можат да си обезбедат убав живот, а станови земаат под кирија за пристапни цени.
„На Грците им се исплати да живеат овде под кирија. Обично остануваат по 3 месеци, потоа одат во Грција, си ја земаат пензијата, и по извесно време пак се враќаат. Јас знам најмалку 20 Грци кои се доселиле во Гевгелија, но реално ги има многу повеќе, тој број е поголем. Се работи за постари граѓани кои бараат станови под кирија до 150 евра. Некои од нив станови бараат преку агенција, а некои тоа го прават самостојно. Оваа појава почна пред 10 години, тогаш почнаа да доаѓаат првите Грци“, велат од агенција за недвижности.
Од друга агенција очекуваат дека во иднина ќе расте бројот на Грци кои ќе одлучат да купуваат недвижен имот во Гевгелија.
„Сега засега повеќето Грци изнајмуваат имоти, но верувам дека ќе почнат и да купуваат. За празници, викенди, но и работни денови градот е полн со Грци. Има и средовечни луѓе, но има и помлади“ – наведуваат од оваа агенција.
Додаваат дека Гевгелија е прималива за нив затоа што храната, гардеробата, посетата на стоматолог, фризерските услуги, буквално сѐ е поевтино.
„Јас издавам куќа под кирија на два ката, доаѓаа Грци, да го разгледаат просторот, но тие претежно бираат станови. Се сместуваат и во центарот и на периферија, онаму каде ќе најдат стан кој им одговара“, вели Трајанка Грозданова, која издава куќа од 80-тина квадрати.
Сепак, сите се согласни дека Гевгелија има бенефит од Грците кои тука ги трошат своите пари.
Сања Атанасовскафото википедија
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




