ИМААТ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД РУСИТЕ: Србија ќе биде првата земја во Европа која произведува вакцина
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Февруари, 2021
Русите проценија дека Србија има услови да ја произведува „Спутник V“.
Соседна Србија ќе биде првата земја во Европа што произведува вакцина. Седум европски држави, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Унгарија и други, веќе изразија желба тие „итно“ да започнат со производство вакцини. Делегација од руски експерти, кои утрово пристигнаа во Србија, проценија дека постојат технолошки услови за првата фаза на производство на вакцината „Спутник V“. По состанокот на српската и руската делегација во Палата Србија, министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ изјави дека првата фаза на производство на вакцини вклучува транспорт на супстанцијата неопходна за производство на вакцини, полнење, пакување и дистрибуција. Руските експерти велат дека таа фаза ќе трае меѓу два и три месеци, а „целосниот циклус на производство ќе трае меѓу девет и десет месеци“.
Србија се покажа како многу ажурна за вакцинацијата. Српските граѓани имаат на располагање повеќе вакцини. Најмалку половина милион луѓе веќе примиле вакцина.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.