ИМАМ МАЈКА, ИМАМ БАБА, ЌЕ СЕ ЖЕНАМ: Лазаров се пожали - ги изгубив сите спонзори
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2023
Јутјуберот Стефан Лазаров попладнево се извини до јавноста и рече дека добил многу погрдни коментари по интервјуто со новинарот Драган Павловиќ Латас.
Тој рече дека креира содржина која не е за сечиј вкус. Тврди дека тој и неговиот тим ќе докажат дека вредат. Јутјуберот кажа дека ги изгубил спонзорите, но нема да застане тука и никој нема да го уништи. Лазаров вели дека ако е потребно ќе избрише канал и ќе се отсели од државата. Рече дека има мајка, има баба, ќе се жени и не е в ред што го нарекувале насилник.
Тој вели дека случајот заврши на вести.
Но, Обвинителството отвори предмет за интервјуто на Латас.
Видеото е отстрането од Јутјуб каналот.
И дел од политичарите дадоа свое видување за скандалозното интервју.