20 Мај, 2024
0.0297

Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку сè ова ќе лета во воздух - обвинителството гони двајца браќа

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Двајца браќа се осомничени дека изнудиле повлекување жалба на јавна набавка.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Со намера да прибават противправна имотна корист за правно лице од Визбегово, двајцата со сила и сериозна закана, но и со употреба на огнено оружје присилиле една оштетена – одговорно лице во друга фирма да повлече поднесена жалба на одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на училишен и друг мебел. На огласот за јавна набавка, објавен од едно скопско средно училиште, како најповолен понудувач била избрана фирмата од Визбегово, по што другата компанија вложила жалба на одлуката. На 22 август, двајцата осомничени се појавиле во деловните простории на другото правно лице на улицата „Благоја Стефковски“ и од одговорната побарале да ја повлече жалбата. Во следните неколку дена се обидувале и телефонски да ја убедуваат оштетената да ја повлече жалбата, но таа не им одговарала на повиците. На 29 август, двајцата осомничени повторно дошле во конкурентската фирма, упатувајќи директна закана: „Имаш 24 часа да ја повлечеш жалбата, инаку сè ова ќе лета во воздух“. Оштетената побарала од нив да ги напуштат просториите и им кажала дека ќе повика полиција, на што ти продолжиле да и се закануваат. Едниот од осомничените браќа извадил пиштол, го репетирал и го вперил во слабината на оштетената, а со другата рака ја фатил за вратот. Си заминале со нови закани дека повторно ќе се вратат, по што на 30 август оштетеното правно лице ја повлекло изјавената жалба на одлуката“, соопштија од Обвинителството. 

Основаното сомнение за стореното кривично дело е поткрепено со повеќе докази, меѓу кои и видео запис од безбедносните камери во оштетената фирма.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз сведоците и оштетените, но и да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за двајцата соизвршители.

Можеби ќе ве интересира

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

ПАЛЧО СИ ДОНЕЛ ПЛАЗМА ТЕЛЕВИЗОР ВО ШУТКА: Еве што имало во куферот што си го донел од Турција

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Бимилк на „Генералка викенд“ - вработените ја чистеа околината на Битола

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Митко Јанчев под вербални закани во угостителски објект

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Царина: Скопјанец добил мала пратка со дрога од Германија

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Едно лице загина и две се тешко повредени во сообраќајкана автопатот Куманово - Скопје

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода