ИМАШЕ САМО 22 ГОДИНИ, ЗАГИНА ВО БИЗАРНА НЕСРЕЌА НА АВТОПАТ - почина познат пејач од Звезде Гранда
Објавено во: Стил 07 Март, 2023 12:25
Синоќа почина пејачот Немања Вуковиќ. На автопатот Шид-Белград, кај Добановачка јамка, се случила страшна несреќа кога пејачот Немања Вуковиќ (22) излетал од патот и удрил во заштитна ограда.
Се сомнева дека го напуштил возилото и почнал да поминува по автопатот кога во него удрил автобус кој се движел од правец на Бања Лука.
- Непосредно пред страшната несреќа настраданиот Н.В. доживеал незгода кога управувајќи автомобил „фолксваген“ возејќи од правец на Белград кон Шид излетал од патот и удрил во заштитна ограда. Потоа, како што се сомнева, излегол од возилото и како пешак се обидел да ги мине автопатските ленти наменети за спротивна насока, односно од Шид кон Белград - објасни изворот на Информер запознаен со случајот.
- Н.В. починал од повредите набргу откако во него удрил автобус. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош кој набрзо со екипа се нашол на местото на несреќата. Никому не му е јасно зошто сакал да оди на другата страна. Можеби тој бил во состојба на шок или нешто друго било во прашање.
Немања е од Фоча, на 18 години се натпреваруваше во „Ѕвезда Гранда“, по што кариерата му тргна во нагорна линија.
Можеби ќе ве интересира
„8 март треба да е одраз на нашата култура и подарување безусловна љубов кон оние што не опкружуваат“: Мимоза Рајл
