18 Декември, 2025
0.0473

„ИМАТЕ РОК ДО НЕДЕЛА, ИЛИ ПЕКОЛОТ ЌЕ СЕ СПУШТИ НАД ВАС“. Трамп со ултиматум до Хамас

Објавено во: Свет 04 Октомври, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател, Доналд Трамп вчера во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, остро го критикуваше Хамас за одолговлекувањето со одговорот на неговиот план за мир во Газа и враќање на заложниците, потсетувајќи на масакрот од 7 октомври. 

Трамп во објавата тврди дека над 25.000 членови на Хамас се убиени, а останатите ги опиша како „опкружени и под воена опсада“. 

Тој изјави дека Палестинците треба да ги напуштат опасните области на Газа и даде ултиматум Хамас да се согласи на договор до недела во 18 часот по вашингтонско време, велејќи им на членовите на Хамас дека ова е нивната „последна шанса“.

„Хамас е немилосрдна и насилна закана на Блискиот Исток со години! Тие убиваат (и го прават животот неподнослив), што кулминира со МАСАКРОТ на 7 октомври во Израел - бебиња, жени, деца, стари лица и многу млади мажи и жени, момчиња и девојчиња кои се подготвуваа да го прослават својот иден живот заедно. Како одмазда за нападот врз цивилизацијата на 7 октомври, повеќе од 25.000 „војници“ на Хамас веќе се убиени. Повеќето од другите се опкружени и воено опколени, тие само чекаат да им го кажам зборот „ОДИ“ за брзо да им се згасне животот“, наведува Трамп во својата остра објава до палестинската милитантна група.

„Што се однесува до другите, додава американскиот претседател, знаеме каде сте и кои сте, и ќе бидете прогонувани и убиени. Ги молам сите невини Палестинци веднаш да ја напуштат областа каде што може да има големо крвопролевање и да се преселат во побезбедни делови од Газа. Сите ќе бидат добро згрижени од оние кои се подготвени да помогнат. За среќа на Хамас, сепак, ќе добијат последна шанса! Големи, моќни и многу богати држави на Блискиот Исток и околните области, заедно со САД, се договорија - со согласност на Израел - за МИР по 3000 години на Блискиот Исток.

„ОВОЈ ДОГОВОР ГИ СПАСУВА ЖИВОТИТЕ НА СИТЕ ПРЕОСТАНАТИ БОРЦИ НА ХАМАС! Деталите од документот се познати на СВЕТОТ и тоа е одлична зделка за СИТЕ! Ќе имаме МИР на Блискиот Исток, на еден или друг начин. Насилството и крвопролевањето ќе престанат. ОСЛОБОДЕТЕ ГИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ТЕЛАТА НА МРТВИТЕ, СЕГА! Мора да се постигне договор со Хамас до недела во ОСУМНАЕСЕТ (18) ЧАСОТ по вашингтонско време“, дециден е претседателот Трамп.

„Секоја земја се согласи (за договорот)! Ако не се постигне овој договор - ПОСЛЕДНА ШАНСА, врз Хамас ќе се спушти ПЕКОЛ каков што никој досега не видел. ЌЕ ИМА МИР НА БЛИСКИОТ ИСТОК НА ЕДЕН ИЛИ ДРУГ НАЧИН. Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање!“ – Претседател Доналд Џ. Трамп, напиша американскиот претседател на својата мрежа Truth Social. 


Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина