„Имав „случајна“ средба со Груевски во Будимпешта, му кажав дека овде ме викаат „премиере“ и дека ќе го менувам додека е таму“: Интервју со актерот и стендап комичар Жарко Јовановиќ
Објавено во: Стил 30 Април, 2025 10:47
Во неговата лична карта стои дека Куманово е неговото родно место, но за калемење на својот занает, решил да дојде во метрополата. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности, а првата реплика на јавна сцена ја изговорил во аматерска претстава.
Жарко Јовановиќ - актерот и стендап комичар кој многу добро знае да одглуми ликови од политичката сцена, новинари, па дури и некои инфлуенсерки, говори на повеќе теми во интервјуто за „Женски магазин“.
На неговите шеги се смеевме и на последното издание на „Златна бубамара на популарноста“, каде повторно го „оживеа“ ликот на експремиерот Никола Груевски, за што доби најголеми овации и аплауз.
Само неколку месеци потоа Жарко ја имаше и првата те-та-тет средба со премиерот и тоа среде Будимпешта. За впечатоците од средбата со Груевски, како и за средношколските, студентентските денови, стендап комедијата како култура кај нас, но и кој е политичарот кој не може да го имитира во интервјуто кое следува …
- Актерството, тоа е мојата првична професија и пред сè нешто што го правам долго време. Секогаш е потребно поседување на неисцрпна креативност при градењето на секој нареден лик во претставите и пред камерата, многу барања, но пак си некој друг полесно е, во стендап комедијата си изложен самиот себе си многу повеќе, ти самиот стоиш зад делото, нема режисер и партнери, поинаку е.
ЖМ: Која е приказната за Жарко Јовановиќ, што беше пресудно за се одлучиш за актерството како твоја професија?
- Интерес за оваа работа ми се јави многу одамна уште во основно, кога завршив со тренирање на фудбал, сфатив дека тоа не е за мене, а сакав да се занимавам со нешто слично. Нешто во коешто ќе ме гледа публика пак и ќе има некој тренер таму од страна да не организира како да играме, а во театарот и филмот тоа е режисерот. И сфатив дека треба да сум актер. А и кога го изгледав филмот „Големиот бел Нинџа“ со Chris Farley и видов како се забавуваат во филмот, посакав и јас да пробам.
- Тоа беше одамна, ако зборуваме баш за прво појавување на сцена во некоја претстава, аматерски во 8-мо одделение. Играв во една аматерска претстава „Monno“ во режија на Драгана Таневска, тогаш никој од нас во екипата немаше дипломирано нешто поврзано со театарот. Е токму тогаш беа изговорени моите први реплики на сцена, не се ни сеќавам каков лик играв, некаков мајстор можеби, само знам дека имав доста трема и не се слушав ни до првиот ред (се смее) … А во прва професионална претстава баш во продукција на Театар играв во детска Петар Пан, таму го играв ликот на Џон оној со очилата.
ЖМ: Какво дете беше и дали талентот за глума го препознаа твоите од мали нозе?
- Па, да некако ме влечеше тоа од мал, ги имитирав моите по дома, учителите. На маскенбал секогаш сакав некоја креативна маска каде што нема да бидам само маскиран, туку и ќе го глумам ликот таму во училиштето.
ЖМ: Тинејџерски години … бунтовно или мирно момче?
- Бунтовно … Па штом сум се занимавал со театар како тинејџер нешто придонело и од тоа, книгите, филмовите, а само такви и гледав … „Дечко који обеќава“, „Црни Бомбардер“, „Млад и здрав као ружа“, „Breakfast club“ тие ми беа на врв на списокот во тинејџерско време.
ЖМ: Деновите од факултет … како се сеќаваш на нив? Со кои актери кои денес се дел од актерската сцена беше во ист клас?
- Тоа се најинтересни денови … Доаѓаш прв пат во голем град во метропола еееј (се смее) … Се шегувам, не мрднувавме од тоа бифе на ФДУ, таму беа главните журки, се дружевме цела класа, бевме како едно големо друштво. Со нив и ден денес се дружам, од детски театар да кажеме Матеја и Никола, Сара Климоска која е доста позната во филмскиот свет кај нас, Никола Ристески кој покрај актерството прави и рап музика и кај нас го знаат многумина и по тоа … Тамара Ристоска годинава баш беше на Берлинале … Виктор Бужаров пак е во Прага, а и други да не набројувам кои исто така бележат успеси и награди што на страна што овде кај нас … Голема и добра класа од 13 души, професорката Сузана Киранџиска сигурно е горда на своите студенти.
Повеќе детали прочитајте на „Женски магазин“.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





