Имлек Протеин Warm Up: Најголемиот фитнес-настан на отворено со повеќе од 500 учесници како дел од Охрид трчаТ 2025
Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2025 16:06

Атмосферата беше полна со ритам, спортски дух и мотивација. DJ сетот ги надополнуваше динамичните warm-up сесии со фитнес инструкторите Кате Бујароска Анѓелеска, Мими Стојаноска, Емилија Колоска, Ристе Јанкоски и Stretch Well од Србија, додека посетителите учествуваа во низа забавни и активни предизвици, придружени со подароци, охрабрување и бодрење од присутните. Просторот беше обоен со боите на брендот Имлек Протеин, а меѓу најголемите атракции беа протеинските коктели и стартните пакети за првите 500 учесници.

„Имлек Протеин Warm Up не беше само настан – беше движење што инспирираше. Горди сме што стоиме зад најголемиот фитнес-настан на отворено во Македонија, кој ги поврза луѓето преку спорт, енергија и грижа за себе. Веруваме дека секој чекор, секој скок и секоја насмевка беа доказ дека заедно можеме повеќе, за здравјето, за духот и за нашата заедница“ – изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.



Настанот испрати јасна порака: физичката активност и правилната исхрана се клучни партнери во градењето на здраво тело. Особено после вежбање, кога мускулите се исцрпени и подготвени за регенерација, протеините играат суштинска улога во обновата на мускулното ткиво и зголемување на мускулната маса. Имлек Протеин нуди 30 грама висококвалитетен млечен протеин по порција, без додадени шеќери, без лактоза, што го прави совршен избор за секој што сака резултати од својот труд.



„Во рамките на овогодишниот Охрид трчаТ викенд, се реализираше Имлек Протеин Warm-up, настан кој уште еднаш покажа колку спортот и здравите навики можат да ги обединат луѓето од сите генерации. Заеднички со Бимилк, обезбедивме активна и позитивна подготовка, каде што учесниците и сите љубители на рекреацијата и фитнесот, имаа можност да се загреат, дружат и уживаат во здрава атмосфера, потсетувајќи нè сите дека подготовката е клучот за секој успех, било на патеката или во животот. Овој warm-up беше повеќе од обична загревачка сесија, беше симбол на заедништво, поддршка и мотивација. Вие да имате повеќе од 500 учесници е навистина за поздравување и дополнително нѐ обврзува на наредното издание да бидеме уште подобри и креативни. Заедно можеме уште повеќе, за спортот, за заедницата, и за позитивна промена“ - изјави Иван Цветкоски, претседател на атлетски клуб „Охрид трчаТ“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




