ИМОТЕН ЛИСТ: Што поседува Никола Груевски?
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 13:51
На сајтот на Антикорупциската комисија од денеска се достапни имотните листови на новите пратеници.
На објавениот имотен лист на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пишува дека тој не располага со недвижен имот, но има заштеди во повеќе странски валути, а пријавил и долг од околу 5.000 евра.
Груевски заштедил 48.265 евра, 7.318 швајцарски франци, 250 долари, 600 британски фунти и 10.036.572 денари (163.196 евра). На име на неговата сопруга Боркица се пријавени 8.000 евра на име штедни влогови.
Груевски пријавил 33 уметнички слики во вредност од приближно 11.000 евра. Осум слики од нив се наведени за прв пат во овој анкетен лист. Во 2015 година имал пријавено 25 слики.
Неговиот анкетен лист беше тргнат веднаш откако поднесе оставка од премиерската функција, во јануари 2016 година.
Груевски на функцијата претседател на Владата стапил со имот од 43.000 евра.
Во објавените „бомби“ според тврдењето на опозицијата, Груевски наводно, сакал на Водно да купи имот вреден 17 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




