29 Септември, 2024
0.0257

Имотот на „Трансмет“ раскрчмен за евтини пари, „Пуцко Петрол“ најмногу во ќар

Објавено во: Економија 19 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Имотот на Трансмет кој требало да биде конфискуван во случајот „Труст“ бил преземен од фирми и банки за многу помали суми со што била направена штета од 12,4 милиони евра за државата, објави Државната комисија за спречување на корупција.

Во шемата во која биле инволвирани проценители, нотари и извршители најмногу зела фирмата Пуцко Петрол на Асмир Јахоски, кој купил имот за дури 4,5 милиони евра поевтино.

До осомничените и обвинетите протекувале информации, а во шемата биле вмешани и фирмата на Хана Јахоска, Би Холдинг, како и фирмата АД Астра на поранешниот директор на Шпаркасе банка Сашо Боко (хрватски државјанин).

- Проценителите на вредноста на имотот на Трансмет сториле злоупотреба на службена положба со начинот на кој го вреднувале имотот со што бил оштетен државниот буџет, рече Шемши Салаи, член на ДКСК.

Според ДКСК, Државното правобранителството и Агенција за управување со одземен имот воопшто не го заштитиле имотот кој требало да се води како конфискуван.


Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија