ИНЦИДЕНТ НА ИЗБОРИТЕ НА АЛБАНИЈА: Маж со калашников влегол во избирачко место
Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2019
Маж со калашников влегов во избирачко место во Драч, сакал да го спречи гласањето.
Напаѓачот е приведен во полиција откако со калашникот влегол во избирачкото место и се заканувал на членовите на комисијата, исто така тој искршил и гласачки кутии.
Р.
Б. по упадот бил уапсен од полицијата.
Денес во Албанија се одржуваат локални избори, се избираат нови градоначалници во 61 општина. Според ОБСЕ/ОДИХР во
дури 31 општини кандидатите на владеачката Социјалистичка партија немаат
противници.
Опозицијата, предводена од Демократската партија ги бојкотира изборите.
Видео Albeu.com.