ИНЦИДЕНТ ВО НИЦА: Фатен напаѓач со ножеви
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2017
Во францускиот град Ница е уапсен маж со ножеви кој се појавил на шеталиштето.
Околу 16 часот е забележан со ножевите, а претходно повредил една жена.
Засега не се познати мотивите за нападот, а полицијата не го води случајот како тероризам.
Овој инцидент се случи на истото место каде за Денот на Бастилја беа прегазени 84 луѓе со камион во терористички напад.