17 Јануари, 2025
1.3070

Индекс на рационалноста: Исти производи, големи разлики во цените?!

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.8 изработен за производите работни одела, работни обувки, клупи и тонери,како и за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација.

Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на работни одела, а најмала во набавката на оригинални тонери.

За работните одела како дел од ХТЗ опремата, комуналните претпријатија плаќале од 1.263 до 4.956 денари за комплет (панталони и јакна) со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 292% од најниската евидентирана цена.

Работните чевли, кожни високи, се купувале по цена од 870 до 2596 денари со што највисоката цена платена за обувките е за 198% повисока од најниската.

Клупите кои ги купувале општините се со цени во распон од 4838 до 12188 денари со што највисоката цена е за 152% повисока од најниската евидентирана во индексот;

Тонерите кои се оригинални се купувани по цени кои се движат од 3.622 до 4.552 денари, упатувајќи на разлики и до една четвртина во цените, додека пак во набавката на компатибилни тонери разликата е уште поголема и изнесува и до 100% бидејќи цените се движат од 998 до 2006 денари за тонер.

За услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација институциите плаќале од 3000 до 9310 денари за 1000 м2. Највисока цена е за 210% повисока од најниската евидентирана во индексот.

Анализата покажа дека големите разлики во цените по кои различни институции купуваат исти производи не можат да се објаснат со начинот на којшто се спроведени тендерите и упатува на заклучокот дека причините за разликите треба да се бараат во некои други фактори, кои се од субјективна природа.

Можеби ќе ве интересира

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

БИТИЌИ: Јавниот долг веќе изнесува 70 проценти од БДП

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ПЕНЗИИ ПОНИСКИ ОД 500 ЕВРА: Колку Хрвати живеат со толку мал износ?

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ЈАС ТЕБЕ ВОЈВОДО, ТИ МЕНЕ СЕРДАРЕ - долгогодишните ривали се смирија! Илон Маск и Џеф Безос разменија пријателски зборови за ракетите

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИЈАСПОРАТА ЌЕ БИДЕ МНОГУ СРЕЌНА КОГА ЌЕ СЛУШНЕ: Николоски најавува деветта авиолинија, но не сакаше да открија со која држава

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

ДИРЕКТОРКАТА НА СВЕТСКИ ПОЗНАТАТА КАФЕТЕРИЈА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: По 20 години се збогуваше со кариерата

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

АКЦИИТЕ НА DUOLINGO СКОКНАА ЗА 7 ОТСТО ПРЕД ЕВЕНТУАЛНАТА ЗАБРАНА НА TIKTOK ВO САД: Сè повеќе луѓе сакаат да учат мандарински

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

СТРУМИЦА ДОБИ ЕЛЕКТРИЧЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ: За 30 денари струмичани можат да стасаат каде сакаат во градот

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

„ДАЛЕКУ СМЕ ОД РАЗВИЕНИТЕ ЗЕМЈИ, НО ПАРИ ИМА“: Д-р. Митов во Бизнис муабети открива детали за бизнисот - меѓу клиентите и големи брендови

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан

ЕНЕРГЕТСКАТА МРЕЖА СЕ ПРОШИРУВА: Божиновска и амбасадорот Касијев го интензивираат енергетското партнерството меѓу Македонија и Азербејџан