05 Декември, 2025
0.0876

Индивидуалните земјоделци во август продадоа производи за 7 милиони евра

Објавено во: Агробизнис 13 Октомври, 2014 07:57

Добивај вести на Viber

Во споредба со истиот период лани вкупниот откуп (од индивидуални земјоделци и аграрни компании) пораснал за 2 милиони евра, а најдобро поминаа млекопроизводителите кои ги зголемиле приходите од продажба за 2,6 милиони евра Приходите од продажба на земјоделски производи на индивидуалните земјоделци и на аграрните компании изнесуваат 19,7 милиони евра во август годинава и во споредба со истиот месец лани бележат пораст од 2 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Кај индивидуалните производители откупот порасна за 40 отсто во споредба со август лани и изнесуваше 434,6 милиони денари (над 7 милиони евра). Најзначаен пораст на приходите од продажба и на продадените количества оствариле млекопроизводителите. Тие во август продале 138.966 хектолитри млеко што е за 120 отсто односно за 76.032 хектолитри млеко повеќе од истиот месец лани. Нивните приходи во август годинава се 293,1 милиони денари (4,76 милиони евра) и пораснале за 157,8 милиони денари ( околу 2,6 милиони евра) во споредба со август лани. Огромен раст има и кај вредноста на откупот на млечните производи иако нивното учество како вредност во структурата на вкупниот откуп е многу мало. Во август производителите на млечни производи од продажба приходувале 56,5 милиони денари односно 46 милиони денари повеќе од август лани. Најголемо поединечно учество во структурата на приходи имаат житата. Во август од тие култури земјоделските компании и индивидуални производители оствариле приходи од 369 милиони денари (над 6 милиони евра). Во споредба со лани нивните приходи паднале на 190 милиони денари односно за повеќе од половина. Во исто време од споредбените податоци се гледа дека кај пченицата и ржот продадените количества се малку намалени, додека кај јачменот има потфрлање поголемо од 20 отсто. Сепак агрегатниот пад на приходите кај житните култури е значајно висок што значи дека веројатно е дека откупните цени биле пониски. Во август годинава добро поминале производителите на овошје кои оствариле приходи од 34,3 милиони денари (над 500.000 евра) кои се поголеми за 12 милиони денари од истиот период лани. Кај градинарските производи приходите се поголеми за 50 милиони денари од лани и изнесуваат 133,86 милиони денари. Добро поминале и производителите на добиток чии приходи пораснале за една третина од истиот месец лани и сега изнесуваат 92,1 милиони денари. Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?