19 Април, 2024
0.0259

Инфекција со Helicobacter pylori: Зошто е значајна и како да се открие?

Објавено во: Мои пари 10 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Денес, квалификувана и вистинска дијагноза на болести на гастроинтестиналниот тракт е невозможна без да се земе предвид факторот Helicobacter pylori т.е инфекцијата со оваа бактерија.

Бактеријата Helicobacter pylori, откриена од научниците пред само 40 - на години, ја населува гастричната слузница не само на болните, туку и на здравите луѓе. Во исто време, сè уште не е целосно јасно зошто во некои случаи предизвикува болести на гастроинтестиналниот тракт, додека во други мирно коегзистира со околината на желудникот и цревата. Меѓутоа, денес токму Helicobacter pylori се смета за причина за 95 проценти од болестите на гастритис, чиреви и рак на желудникот. Познато е дека желудечниот сок содржи хлороводородна киселина. Ова, меѓу другото, е и еден вид дополнително осигурување на нашиот организам од секакви микроби и бактерии, бидејќи повеќето микроорганизми во таква средина речиси моментално умираат. Но, не и бактеријата Helicobacter pylori, која е многу добро прилагодена во услови на висока киселост. Како оваа бактерија му штети на телото? Освен тоа, за да преживее во кисела средина, бактеријата создава алкална средина околу себе. Таа има флагели кои и овозможуваат задржување на лигавицата на желудникот. Дополнителна предност и дава ензимот уреаза кој jа хидролизира уреата во CO2 и NH3. Ова предизвикува покачување на pH, се разбива постоечката заштитна бариера и ги изложува незаштитените области на желудникот на хлороводородна киселина.

Начините на инфекција со Helicobacter pylori се стандардни за цревна инфекција. Може да се случи со директен пренос од заразено лице (преку плунка), по фекален пат (недостаток на хигиена и миење на рацете), или со внесување преку храна и пијалок. Според статистичките податоци, бактеријата е откриена кај 20 проценти од луѓето на возраст над 40 години. На возраст од 60 години, кај секој втор прегледан пациент се наоѓа бактерија Хелокобактер. Затоа, дијагнозата и последователната евалуација на ефективноста на третманот денес се повеќе од релевантни.

Зголемениот интерес за инфекцијата доведе до фактот дека во 40-те години што поминаа од откривањето на бактеријата, се појавија голем број на различни дијагностички методи за нејзино идентификување. Ова создава одредени потешкотии и за специјалистите за лабораториска дијагностика и за присутните лекари - како да се избере најадекватната и најсигурната анализа?

Денес, за откривање на бактерии, постојат голем број тестови, и неинвазивни (не вклучуваат никаква интервенција во телото) и инвазивни. Најсигурната техника е инвазивна, бидејќи ви овозможува да ги видите бактериите буквално со свои очи. За ова, фрагмент од гастричната слузница (специјално  подготвен и обоен) се зема за микроскопска анализа. Покрај тоа, делови од мукозната мембрана може да бидат подложени на лабораториски тестови, кои се засноваат на спецификите на виталната активност на бактеријата. Како што споменавме погоре, Helicobacter pylori создава околу себе зона на алкална средина неопходна за опстанок. Ако примерокот од гастричната слузница заразена со бактерија се спушти во раствор со уреа, ќе се ослободи амонијак и растворот ќе стане поалкален. Промената на киселоста лесно се забележува со помош на индикатори кои ја менуваат бојата на растворот. Но, за да се идентификува Helicobacter pylori, не е секогаш потребна биопсија. До денес, развиени се многу побезболни методи. Еден од најкористените е тестот за уреа C13. Се состои од две фази. Прво, прегледаниот пациент вдишува во посебен уред, а специјалистот при издишување го фиксира почетното ниво на означен јаглерод. После тоа, пациентот пие чаша сок со C13 уреа и повторно дише. Како резултат на интеракцијата со уреа, бактеријата почнува да ослободува јаглерод диоксид CO2 со означен јаглерод. Од разликата во неговата содржина се донесува заклучок за инфекцијата на пациентот. Сензитивноста и специфичноста на овој УИТ изнесува отприлика 95 – 100 %, соодветно. Од таму лажно позитивните резултати се многу ретки, а лажно негативните резултати може да се регистрираат при несоодветна примена на тестот. Во неинвазивни методи спаѓаат и :

•  Преглед на крвта – докажување на антитела против Х.пилори во серум

•  Преглед на столицата – докажување на антигени на Х.пилори во столицата на болниот

Според препораките на Европската работна група за ХП инфекција, посебно се препорачува лечење на ХП инфекцијата кај сите позитивни наоди кај пациентите кои имаат улкус, а посебно кај оние кои имале минато крварење од чирот. Лечењето на ХП инфекцијата исто се однесува и кај оние пациенти кои имаат хроничен гастритис заради висока опасност од преодност кон карцином. Терапијата мора да биде тројна или четворна, составена од два антибиотика, инхибитор на протонска пумпа и пробиотик. Особено се препорачува пробиотик кој има директно антимикробно делување врз Хеликобактер пилори. Pylopass™ е единствен сој на бактерии Lactobacillus reuteri кој специфично коагрегира со H.pylori во желудникот. Идентификуван е како специфично врзувачки антагонист на H.pylori во однос на сите останати Lactobacillus соеви. Лечењето вообичаено трае 7 до 14 дена, а со употреба на пробиотикот се продолжува уште најмалку две недели.

М-р фарм. Љупчо Јанковски

* ПР - објава

фото: freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година