„ИНФЛАЦИЈАТА ЗАБРЗА, ПОТРЕБНА Е ПРЕТПАЗЛИВОСТ“: Фајненс тинк и понатаму очекува раст на домашната економија

Објавено во: Економија 11 Септември, 2024 10:28
Во вториот квартал од 2024, БДП се зголеми за 2,3 отсто на годишна основа, забрзувајќи во однос на претходните квартали, што е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор, посочуваат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“.
Притоа напоменуваат дека ова забрзувње на домашната економија е резултат на забавениот пад на извозот (-2,9 проценти), и повторното интензивирање на падот на увозот (-4,5 отсто), како и на растот на јавната потрошувачка (3,5 проценти).
- Растот на јавната потрошувачка се поврзува со значајното продлабочување на буџетскиот дефицит од 5,8 отсто за првото полугодие од годината, наспроти првичната годишна проекција од 3,6 проценти. Во вториот квартал, бруто инвестициите забележуваат благ пад (-1,7 отсто), додека приватната потрошувачка расте со благо забавена динамика (1,3 проценти) - нагласуваат од „Фајненс тинк“ во нивниот последен Маркоекономски монитор.
Притоа укажуваат дека на производната страна, како и претходно, растот на БДП произлегува главно од растот на услугите (3,6 отсто), иако во овој квартал позитивни движења бележат градежништвото (5,1 процент) и преработувачката индустрија (0,7 отсто), по падовите во претходните квартали.
- Невработеноста во вториот квартал од 2024 понатамошно се намали на 12,5 отсто. За првпат по повеќе квартали, пазарот на труд манифестира помала воздржаност од претходно, имајќи предвид дека се креирани близу 4,500 нови работни места, а активноста на населението се задржа како претходно (52,1 отсто). Сепак, забележливо е дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека главните услужни дејности, како трговијата, забележаа намалување на бројот на работни места, и покрај растот на создадената вредност - појаснуваат од Институтот.
Појаснуваат дека во вториот квартал од 2024, инфлацијата благо забрза на 3,9 отсто (од претходните 3,4 проценти) на годишна основа.
- Иако овие движења кај цените се во линија со очекувањата за целата 2024 година, преостанатите пренесени ефекти врз цените, потенцијалните варијации кај одредни групи производи, притисокот што доаѓа од стабилниот пазар на труд и растот на платите (13,3 отсто), како и од потезите на фискалната политика, укажуваат на потребата од понатамошна претпазливост. Благата позитивна динамика на економијата се очекува да продолжи во 2024 година. Изгледите во поглед на инфлацијата остануваат релативно поволни, но зависат од се’ уште присутни критични фактори. Finance Think ги задржува претходните проекции за раст на БДП во 2024 од 2,7 отсто и за раст на цените од 3,8 проценти - се нагласува во мониторот.
Можеби ќе ве интересира
АВТОМОБИЛИ ЈА ВОДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија

„КЛАСИЧЕН ПОТКУП НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО ПОНИСКИ ПЕНЗИИ“: Хајредини за најавата за покачување на пензиите

ПАДОТ НА СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА: Каде ќе се пишува нова технолошка историја? Ова место привлекува гиганти

ТРИ КИЛОМЕТРИ МОРЕ, ВРЕДНО МИЛИЈАРДИ: Дали Иран е подготвен да и зададе удар на целата планета?

МАКЕДОНИЈА ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО ЦЕФ: Димитриеска Кочоска се сретна со Вуковиќ

ФОТО: НИКОЛОСКИ И ТРАЈАНОВСКИ ВО АКЦИЈА: Беа во увид на патот Кичево-Охрид, најавија пуштање во употреба на делницата кај Подмоље вечерва

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА Е ПОБОРНИК ЗА ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ: Во септември доаѓа ново покачување

„ВЕЌЕ ПЛАЌАМЕ КАМАТИ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ОД КОЈ НЕМАМЕ ДОБИЕНО НИШТО“: Костадинов вели цената е веќе кажана - 2 милијарди евра!

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ЌЕ СЕ ОТВОРИ ВО СКОПЈЕ? Познатиот дански синџир на продавници Flying Tiger доаѓа на Балканот, ќе отворат 400 работни места!
