06 Јули, 2024
0.0263

Инфлацијата во еврозоната останува без промена и во август

Објавено во: Свет 31 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Годишната инфлација во еврозоната останува непроменета во август во однос на јули - во износ од 0,2%, покажуваат прелиминарните проценки на европската статистичка служба Евростат.

Податоците не се конечни и официјалната информација ќе биде претставена на 16 септември, дополнуваат од статистиката. Тогаш ќе има информации и за движењето на потрошувачките цени во целата Европска унија (ЕУ).

Влијание врз индексот на потрошувачките цени во август имаат цените на храната, алкохолот и цигарите (раст од 1,2% во однос на 0,9% во јули), како и на услугите кои поскапеле исто со 1,2%.

Во исто време, сепак, енергијата поевтинила со 7,1% во август. Статистиката покажува зајакнување на притисокот на енергетските цени - во јули исто така, имаше пад, но во рамките на 5,6%.

Во август ситуацијата на нафтените пазари беше многу динамична и цената на американската лесна сурова нафта падна за кратко под 40 долари за барели, а брентот се тргуваше по цена од околу 40 долари .

Во последните денови сепак работите се стабилизираат и кон крајот на минатата недела суровината го забележа својот најголем дводневен пораст од години наназад.

Можеби ќе ве интересира

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

ЛУЃЕ ВО ПАНИКА ДЕКА ЌЕ ИМ СЕ ОТКАЖАТ ЛЕТОВИТЕ: Сѐ помалку им веруваат на авиокомпаниите, еве кој е главниот виновник за овој колапс

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

УРНЕБЕСНО! МАРК ЦУКЕРБЕРГ ПИЕ ПИВО И СУРФА, ИЛОН МАСК ПРИГОВАРА: „Преферирам да работам“- еве како го прославија 4 јули

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Зошто ураганите стануваат поуништувачки и поопасни?

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ЛЕ ПЕН: Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ДВЕ ЛИЦА СЕ ИСКАСАНИ: Ајкула нападна луѓе во Тексас

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

ИЗРАЕЛ ИМА ПРОБЛЕМ: Драстично се намалил бројот на туристи

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

(ВИДЕО) УЛИЦИТЕ ГИ ЧИСТАТ ОД ПЕПЕЛ: Два вулкана еруптираа во Италија

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Политичкото насилство на најсилно: Досега 51 напад во Франција поради изборите

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир

Орбан ја даде првата изјава од Москва: Од фотелја не се постигнува мир