20 Декември, 2025
0.0365

Информатички оскар за „Карпош“

Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2013 10:20

Добивај вести на Viber

Општина Карпош е добитник на високо признание во сферата на информатичката технологија, најуспешен ECDL(European Computer Driving Licence Fondation) проект во Македонија за 2013 година. Европска компјутерска возачка дозвола е меѓународно признаен сертификат за информатичка писменост, кој гарантира дека сопственикот поседува знаење за работа со компјутер согласно со стандардите за компјутерска писменост диктирани од ECDL фондацијата. Заради големиот успех кој ECDL го постигна во Европа, програмот е проширен низ целиот свет под името Internacional Computer Driving licence (ICDL).
 Ова високо признание на Општина Карпош, кое и го доделува Единствениот информатички сојуз на Србија – ЈИСА, на градоначалникот Стевчо Јакимовски му беше врачено вчера во Собранието на Градот Белград, во рамки на меѓународната церемонија на доделување на награди за најуспешни решенија во областа на користењето на информатичките технологии-„Дискоболос“. Доделувањето на признание е во согласност со договорот за соработка од страна на ресорните министри на Србија, Црна Гора и Македонија, кој е потпишан во октомври 2013 година на Милочер.
 Посебни признанија за примена на ECDL стандардот, освен Општина Карпош добија и Министерството за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора и Министерството за образование на Црна Гора, како и посебно признание за Министерството за внатрешни работи на Србија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии