Информирајте се - има нови ковид мерки во Црна Гора
Објавено во: Балкан 27 Август, 2022
Црна Гора вчера донесе нови ковид мерки. Носењето маски повеќе не е задолжително никаде освен во здравствените установи. Овие мерки ќе важат во следните две недели.
Она што е важно за туристите е дека носењето маски повеќе не е задолжително во продавниците и аеродромите, како и на железничките и автобуските станици.
Поради добрата епидемиска состојба, обврската за носење заштитни маски во органите на државната управа, локалната самоуправа, јавните установи и другите јавни установи каде директно се даваат услуги на граѓаните се укинува.
Според wolrdometers досега во Црна Гора од коронавирусот починале 2.770 луѓе. Во светот има неколку островски земји каде нема починати од вирусот.
foto freepik.com/Eugene Petrunin