ЖЕЛЕЗНА КУПОЛА ВО СОСЕДСТВОТО: Еве која земја противвоздушно ќе се заштитува
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2024 10:22
Двоен систем за воздушна одбрана „Железна купола“ (Iron Dome) подготвува Грција и се очекува да биде ставен во функција на почетокот на 2026 година, а ќе се однесува на справување со беспилотни системи и на противвоздушна/ракетна одбрана, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите на весникот, целта е вооружените системи, што веројатно ќе бидат набавени од Израел, вредни околу две милијарди евра, да пристигнат во Грција во 2025 година, а во февруари 2026 година ќе профункционира противвоздушната и противдрон куполата.
- Системот ќе се состои од две куполи. Едната ќе се однесува на справување со беспилотни системи, а другиот со противвоздушна/ракетна одбрана. Куполите ќе бидат направени според стандардите на израелската „Iron Dome“, но, како што се појаснува, ќе се состојат од различни системи кои ќе одговорат на предизвиците и заканите со кои треба да се соочат грчките вооружени сили, пишува „Катимерини“.
Весникот додава дека според нивните информации, генералштабовите веќе ја разгледуваат можноста за набавка на израелски противвоздушни системи, како што се David’s Sling и Arrow, но и Barak MX што неодамна го набави Република Кипар.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




