(ВИДЕО) ЛУЃE ДЕСЕТ ЧАСА БЕА ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГОТ: Драматично беше кај Дрвар
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2024 15:50
Службите во Босна и Херцеговина(БиХ) синоќа имале полни раце работа поради снежно невреме.
Седумдесет луѓе во автомобили, меѓу кои и деца синоќа десет часа биле заглавени кај Дрвар на пат кон Босански Петровац. На социјалните мрежи беше објавена снимка на која се гледаат драматичните сцени од спасувањето ноќеска.
Во Република Српска железничкиотсообраќај е во прекин поради дефект на далноводите, јави Нова.
Автопатот кој води од Босанска Градишка до Добој е затворен за камиони, а истото ограничување е воведено и на неколку главни и регионални патишта во северна и северозападна Босна. Повеќе од 170 сантиметри снег паднаа на врвот Бјелашница.
Во босанскиот главен град Сараево висината на снегот во утринските часови достигна 30 сантиметри, а на околните планини наврна повеќе од еден метар снег.
Завеани се патиштата на Балканот и се советува граѓаните да не патуваат, ако не е итно.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




