19 Декември, 2025
0.0488

Иновации од SONY на Саемот за електроника во Лас Вегас

Објавено во: Мои пари 28 Јануари, 2014 15:21

Добивај вести на Viber

На Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES) 2014, компанијата Sony ги претстави најновите технологии за потрошувачка електроника – телевизори со највисока 4К резолуција, фотоапарати и камери за секаква намена, како и паметни телефони кои целосно ги менуваат мобилните комуникации. Производите претставени на CES 2014 се фокусираат на централната тема: “Play.” "Зборот 'play' може да го дефинираме како многу работи, од играње игри до пуштање музика, гледање или активно учество во спорт, притискање на 'play' на нашиот омилен уред, но пред сè, тој збор означува забава," изјави Мајк Фасуло, претседател и COO на Sony Electronics. Палетата на Sony 4K HD BRAVIA телевизорите се зголеми, предводена од 85-инчниот X95. Овој модел е единствен кој користи X-tended Dynamic Range PRO со уникатен алгоритам за осветлување кој постигнува многу поширок динамички опсег на осветленоста со повеќе детали во светлите тонови и подлабоки црни тонови. Серијата X9 и се придружува на 4K Ultra HD BRAVIA палетата со "клинест" дизајн кој заштедува простор без разлика дали е поставен на маса или закачен на ѕидот и ја подобрува ефикасноста со вграден нискотонец, високотонец и субвуфер за побогат звук кој опкружува. Од областа на дигиталната фотографија, новина на саемот е моделот Sony α5000, најмалиот и најлесниот APS-C фотоапарат со заменливи објективи. Овој модел без огледало нуди висок квалитет на сликата и Wi-Fi и NFC што го прави идеален за фото ентузијасти кои се во потрага по мал фотоапарат, како и почетници кои сакаат нешто подобро. Апликациите на PlayMemories уште повеќе го подобруваат ова искуство со голем број на платени и бесплатни апликации, како и понудa на нови креативни ефекти и услуги. На саемското претставување во Лас Вегас, Sony претстави и две нови прототип технологии коишто дополнително го збогатуваат “Play” концептот. Head Tracker сензорот кој се поставува на заднината од Sony HMZ-T3W уредот за личен приказ ги насетува движењата на корисникот и го менува погледот од лево кон десно, горе и долу. Со HeadTracker, корисниците можат да ја видат снимката направена со ActionCam, гледајќи го видеото од различни агли со едноставно вртење на главата. Другиот прототип на Sony презентиран на CES е сензорот за тенис. Овој сензор се додава на тенискиот рекет и може да анализира и да помни удари и информации вклучувајќи брзина на замав, вртење на топката кои многу лесно можат да се погледнат на паметниот телефон.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии