Иновација инспирирана од потрошувачите: Како светот го елиминира чадот од цигарите
Објавено во: Мои пари 08 Септември, 2022 11:57
И покрај тоа што се информирани дека пушењето е штетно по здравјето, голем број луѓе едноставно не сакаат да ги остават цигарите. Сите релевантни податоци покажуваат дека пушењето е еден одглавните ризик фактори за развој на најраспространетите болести што предизвикуваат смртност во развиените земји, а тоа се кардиоваскуларните болести и карциномот. Со оглед на фактот што откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај зголемувањето на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртуваат кон стратегија за намалување на штетите од тутунот.
Систематски напори на ова поле се одвиваат уште од почетокот на минатиот век, a крајната цел на било кој пристап за намален ризик е намалување на здравствените последици поврзани со користењето тутун, дури и ако не престане изложеноста на соединенијата кои ги испушта. Факт е дека не постои апсолутно безбеден начин за употреба на никотин и изложеност на тутун, но ако веќе не е можно да се запре со пушење, најмалку штетно решение се таканаречените бездимни алтернативи.

Алтернативните тутунски производи се различни од цигарите и се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите.Бидејќи при консумацијата не го согоруваат, туку го загреваат тутунот, алтернативните тутунски уреди не произведуваат ни катран, туку аеросолен остаток. Но, освен што производите без чад се помалку ризични за здравјето на секој пушач, тие влијаат и на подобрување на личната хигиена, бидејќи веќе го нема оној непријатен мирис во здивот, во косата или во облеката. Истовремено, додека корисникот на овие производи и натаму ужива во ритуалот од кој не може да се откаже, тоа не влијае негативно на оние што се во неговата блиска околина.
Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. „Филип Морис Интернешнл“, водечката групацијата сопственик на овој тип технологија, која во моментов цели 100% на производи без чад, ги користи овие електрични уреди за да ја забрза својата цел, иднина без чад.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




