16 Јуни, 2025
0.0225

На Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ

Иновативни студиски програми во Солун за новата академска година

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017 14:31

Добивај вести на Viber

Со бројни иновативни, додипломски и постдипломски студиски програми, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ ја започна кампањата за регрутирање и упис на нови студенти за академската 2017 – 2018 година. Клиничка невропсихологија, Когнитивнаневропсихологија, Меѓународен менаџмент и лидерство во здравство, Напредно инженерство на софтвер за веб и мобилни апликации, Хотел и туризам менаџмент се само дел од студиските програми што се воведени во академската понуда.

Овие нови програми се додадени во богатото портфолио на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Шефилд, диплома од еден од 100те најдобри универзитети во светот. Студентите имаат можност за пристап до неповратни и вредни стипендии, за целиот процес на студирање и за сите академски програми. Аплицирањето за овие стипендии е достапно до 30 април.

Студирањето се одвива во вистински интернационалната средина, со студенти и професори од над 20 различни националности. Низ годините, голем број студенти од Македонија успешно ги завршија своите студии на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ во Солун и се стекнаа со  диплома призната во 196 држави, односно во целиот свет. Во фокусот на кампањата овој пат преку видео сведоштво, активните, тековни студенти ги споделуваат сопствените искуства од студирањето на еден од најдобрите универзитети во светот, воопшто.

Универзитетот Шефилд како дел од професорскиот кадар има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството.Како член на престижната Russell Група составена од водечките институции за истражување во Велика Британија, на Универзитетот Шефилд се изведуваат интердисциплинарни истражувањата кои се врвно рангирани насекаде во светот. Овој универзитет е препознаен од студентите како институција која нуди најдобро студентско искуство, според анкетата направена од страна на TimesHigherEducation во 2016 година.

Сити Колеџ поседува седум различни врвни меѓународни акредитации, што е само уште еден доказ за квалитетот на образованието кое оваа институција го нуди. Образовниот процес се одвива во мали студентски групи, што на идните професионалци им нуди одлично академскоискуство, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.

За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат до следниот линк: https://goo.gl/C3D37u

Можеби ќе ве интересира

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

Драги типстери, време е за поени и награди!!!

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Како до здрави навики“ – нов водич за поздрав живот промовиран од Здружението на лекари специјализанти

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

„Аџибадем Систина“ домаќин на трката „Croatia osiguruvanje business run 5K 2025

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

Од канцеларија до кеј – компаниите покажаа спортски дух во Скопје Croatia Osiguruvanje Business Run 5K

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

СТЦ Белград и СТЦ Сараево - Мост за зајакнување на регионалната економска соработка

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Имлек Крем за готвење за совршено вкусни јадења

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Генерално собрание на CEFA 2025 во Солун: Ново раководство, стратешка визија и ново поглавје по повод 30-годишнината на CEFA

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит

Не ги одложувајте плановите: Обезбедете до 1.000.000 денари уште денес – Минт Промо Потрошувачки кредит