21 Мај, 2024
0.0282

Инспекторат за животна средина: Поранешен „Еко клуб“ сега работи со опасен отпад на Кванташки?

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за животна средина најави итно преиспитување на Елаборатот за третман на медицински отпад на инвеститорот Ремондис Медисон, кој овој пат, велат од таму, работи со опасен отпад на Кванташки пазар во Скопје. Инспекторатот тврди дека станува збор за фирма наследник на „Еко клуб“ за кого Инспекторатот на Градот Скопје минатата година при увид на лице место утврди дека медицинскиот опасен отпад, наместо да се обработи на висока температура и да се уништат микроорганизмите, се меле, се товари на камиони и се фрла на комунална депонија, спротивно на законот, со што станува загадувач на градот и извор на зарази. За ова сомневање тогаш градскиот инспекторт достави пријава до Јавното обвинителство.

До Државниот инспекторат за животна средина беше доставено Барање за преиспитување на одобрен Елаборат за заштита на животна средина за инсталација за собирање, третман и отстранување на опасен отпад, изработен за инвеститорот Ремондис Медисон ДОО Битола. Барањето беше доставено од страна на граѓани од општина Гази Баба, собрани во Иницијативен одбор за депонијата Вардариште. Елаборатот го имаа добиено преку слободен пристап до информации од јавен карактер.

Имено, барателот се противи на лоцирање погон за собирање и преработка на медицински отпад и секаков друг вид опасен отпад на Кванташки пазар, во непосредна близина на погони за производство и дистрибуција на храна (месни индустрии „Солета“ и „Римес“, како и трговија со храна „ЈС Актуел“). Нивната загриженост е уште поголема поради информацијата дека сегашниот инвеститор Ремендис Медисон ДОО Битола е всушност наследник на фирмата за собирање и преработка на медицински отпад „Еко клуб“, во јавноста позната по нивното несоодветно постапување со медицинскиот отпад.

Граѓаните од Гази Баба се загрижени што овој Елаборат е веќе одобрен со Решение за одобрување од Министерството за животна средина, па бараат поништување на Решението, за да не се случи во време на пандемија од погонот да се ослободуваат патогени и други опасни материи, поради неприменување на соодветни законски пропишани третмани на отпад.

„Државниот инспекторат изврши увид во Елаборатот за заштита на животната средина и беа утврдени сериозни недостатоци, особено бидејќи на инвеститорот му се одобрува, спротивно на закон, да врши стерилизација на хемикалии и патоген отпад. Хемикалии, лекови, вклучително и цитостатици, што со Елаборатот се предвидени за стерилизација, може безбедно да се третираат само во печки за спалување што обезбедуваат високи стандарди за животна средина, а такви нема услови да се постават на таа локација. Дополнително, на локацијата се одобрува складирање на отпадни масла што содржат полихлорирани бифенили, а овие масла се канцерогени и за нивно собирање и третман има исто така многу строги стандарди, што со Елаборатот не е обработено. Опишаната постапка за стерилизација на медицинскиот отпад не дава информации на кој начин ќе се спречи испуштање на патогени материи во водухот, односно не е предвидено да се вгради таканаречен ХЕПА филтер. Овој Елаборат има и многу други недоследности кои укажуваат на потребата од негово преиспитување“, информира инспекторатот за животна средина.

Од таму велат дека доставиле барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за преиспитување на донесеното решение за одобрување на Елаборатот, за да се зачува законитоста на постапките со кои се обезбедува здрава животна средина.


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат