Инспектори избркале 150 навивачи од СЦ „Јане Сандански“
Објавено во: Македонија 05 Март, 2021
Државниот пазарен инспекторат со полициска асистенција синоќа избркал 150 навивачи за време на меѓународниот ракометен натпревар помеѓу Вардар и Мешков Брест во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
- Публиката е испразнета со полицијата, а од наша страна се преземени соодветните законски мерки против организаторот. Ракометниот натпревар бил меѓународен меѓу екипите на Вардар и Брест, потврди Стојко Пауновски, директорот на инспекторатот.
Вардар загуби со 32-36, но публиката, чие присуство според протоколите не е дозволено, ја напуштила салата за време на паузата помеѓу двете полувремиња.