ИНСПЕКТОРИТЕ ЈА „ЧЕШЛААТ“ МАКЕДОНИЈА: „Паднаа“ првите казни за производителите на леб
Објавено во: Македонија 02 Март, 2023
„Паднаа“ и казни за цената на лебот. Државниот пазарен инспекторат и вечерва прави контрола во правните субјекти. Александра Котели од ДПИ во изјава за медиумите изјави дека досега се казнети 4 правни лица. Казната е во висина од 300.000 денари. Имало 234 контроли во цела Македонија. Над 30 контроли имало во секој град.
Владата ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари до 31 мај, со цел да им помогне на граѓаните, но тоа доведе до застој на производството.
Во некои градови, како што е Штип, леб има, но пекарите допрва ќе пресметуваат дали се во загуба. Цената е 30 и 33 денари.