18 Декември, 2025
0.0524

Инспиративно: Како Мејер Лaскин стана милијардер!?

Објавено во: Свет 03 Март, 2013 21:16

Добивај вести на Viber

Кој e Мејер Лaскин. Тој е милијардер, но за него не се зборува многу во Лос Анџелес. Нема да го видите во списанието Форбс, не дава интервјуа за телевизии. Всушност, единствениот пат кога има дадено јавна изјава е во 2011 година, откако донираше 100 милиони долари на универзитетот UCLA. Тоа е и една од најголемите донации кои универзитетот воопшто ја има добиено. Мејер вели дека UCLA е многу важен момент за него по три причини. Во 40-те години, кога бил студент добил таму стипендија од 30 долари месечно. Ако не била таа, тој немало да може да си дозволи да учи. Второ, таму како студент се запознал со својата жена (со која се во брак 60 години) и трето според него, образованието и дисциплината кои ги научил таму му помогнале да успее во бизнисот. Ласкин денес има 87 години и е сопственик на „Scope Industries“. Тоа е најголемата компанија кои се занимаваат со рециклирање на храна од тесто со истечен рок на траење. Што значи тоа? Тој работи со сопственици на пекари. Тие продаваат леб, гевреци и други тестенини. Секој производ има рок на траење по што сопствениците треба да се ослободат од непотребната храна. Според законот, овие производи не може да им се даваат на бездомници, бидејќи се со поминат рок на траење. Големите продавници, сепак, имаат многу големи количество такви продукти од кои не може едноставно да се ослободат. Овде доаѓа на фирмата Ласкин. Тој изработува контејнери за исфрлање на непогодни храна, ги инсталира и го отстранува собраното во нив неколку пати во неделата. Сепак, тој не само што ја отстранува храната туку нашол начин и да заработи од неа. Откако ќе ја собере, неговата фирма ја носи до една од12-те фабрики во САД, каде сувиот леб и тестенини се мелат на прашина и се печат во „сув производ". Овој производ тој го продава (по прилично добра цена) на фармерите во САД, кои ги хранат со него своите домашни животни. Колку пари може да се направат од собирање на ваква храна? „Scope Industries“ има годишен приход од 110 милиони долари. Компанијата е приватна и е 100% сопственост на Ласкин. Зарем ова не е брилијантен план? Земи од некого ѓубре. Тој ти плаќа за да го исфрлиш. Потоа од ова ѓубре правиш производ за продажба, а ти стануваш милијардер!

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина