Институциите молчат, загинатиот кој не стигна на митинг во Охрид три часа лежел мртов на патот
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2016 17:20
Молк од надлежните институции околу смртта 40-годишниот Асановски кој не дочека да стигне на митинг на владеачката партија во Охрид.
24 вести денеска повикувајќи се на сведочењата на мештаните пренесе дека мртвото тело на загинатиот лежело на патот кај село Колари речиси три часа откако го удрило возило.
Очевидци велат дека застанал автобусот, и на местото на паркингот се направила колона. Сега починатиот се симнал по нужда и преминувајќи ја улицата го удрило комбе.
Подоцна на лице место дошла и полиција, но полициските екипи не дозволувале пристап до местото.
Од семејството на починатиот велат дека никој од претставните на партијата ВМРО-ДПМНЕ не дошол да им даде сочуство, ниту пак некоја институција ги побарала да им даде детална информација за случајот.
Oд МВР укажаа дека настанот е предаден на Јавното обвинителство но од таму се уште нема информации додека владеачката партија не била запознаена со ваков случај, но оттаму за 24 вести рекле дека доколку случајот навистина постои го повикуваат Јавното обвинителство да го расчисти случајот.
Оттука се поставува прашањето: Колку за неговите сопартијци е вреден неговиот живот штом никој не излезе јавно да проговори за она што се случило?
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




