Институциите утврдија дали Македонија го злоупотребила извозот за Русија
Објавено во: Агробизнис
21 Ноември, 2014 20:24
Добивај вести на Viber
Надлежните институции ги завршија проверките и утврдија дали македонски фирми вршеле реекспорт на европски производи на рускиот пазар и со тоа го прекршиле руското ембарго кон европските земји.
Но резултатите од истрагата не се објавуваат додека најпрвин не ги види Владата и не донесе заклучок. Информацијата ќе биде разгледана на владина седница. Владата им даде два дена на институциите да проверат дали се точни информациите за злоупотреба на извозот на храна во Русија.
Во меѓувреме, тече рокот од седум дена до кој руските власти очекуваат одговор од македонска страна за тоа дали европско овошје и зеленчук, пред се јаболка и компири, биле прикажани како македонски и завршиле на рускиот пазар. Доколку сомневањата на Москва се потврдат, Македонија се соочува со забрана за извозот во Русија.
Трговската размена меѓу Македонија и Русија во првата половина од годинава изнесувала 74,4 милиони долари, што е за цели 65 милиони долари помалку споредено со истиот период лани, но во исто време извозот е зголемен за два милиони долари. Македонија е една од ретките земји во Европа за која засега не важи руското ембарго, затоа што земјава не ги спроведе санкциите на ЕУ кон Русија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?