Институтот Павел Шатев избришан од евиденција
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 20:45
Со одлука која денеска е потврдена во Централниот регистaр, институтот „Павел Шатев“ е избришан од евиденцијата на здруженија на граѓани, пишува „Призма“. Престанокот на постоење на здружението, познато по анкетите за јавно мислење кои речиси без исклучок му даваа предност на ВМРО ДПМНЕ, е резултат на одлука донесена на 2 март годинава.
Последната анкета на овој институт е објавена пред изборите на 10 декември. Во таа анкета едно од прашањата беше „Дали поддржувате партија која се залага за концептот на двојазичност на целата територија на Македонија и нов рамковен договор“ на кое 4,9 отсто одговориле со „ДА“, а 93,5 отсто од анкетираните одговориле “НЕ“.
За овој институт медиумите често пишуваа дека е близок до ВМРО ДПМНЕ, дека е регистриран на адреса на приватен стан во Чаир и дека дел од основачите имале високи функции во државни институции во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




